|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Миоми на матка

www.doktori.mk, 5.8.2013
Миомите се бенигни тумори кои се создаваат од мускулното ткиво на матката. Најчести се кај жените меѓу 35 и 50 година. Се смета дека секоја петта жена по триесеттата година има миом на матката
Клучни зборови:

image
/11


 

 

По својот изглед миомите изгледаат како јазли. Може да имаат микроскопски димензии, но и да тежат до 30 килограми.

 

1

 

Причини за настанување и ризик-фактори

Иако причините и ризик-факторите кои доведуваат до појава на миом се испитуваат многу години, се уште не е позната точната причина за негово настанување.

Во основата на развојот на туморот често се согледува хормонален дисбаланс, при што доаѓа до зголемување на естрогените хормони и настанува дефицит на прогестеронот. Повеќето научници се согласуваат дека растот или намалувањето на миомите се во зависност од естрогените. Туморот претрпува раст во текот на бременоста бидејќи тогаш постои поголема естрогена стимулација . Во текот на менопаузата доаѓа до намалување на миомите, што се поврзува со падот на нивото на естрогенот, но и со стеснување на крвните садови кои ја хранат матката. Кај помал број миоми можно е во менопаузата да не дојде до нивно намалување ако крвните садови од кои се исхрануваат припаѓаат на некои од околните органи во малата карлица, а не на матката. Поновите теории за растот на миомите се поврзуваат со бројот на рецепторите на одредени хормони.

Некои испитувања велат дека жените што родиле најмалку две деца имаат за два пати помал ризик да развијат миом отколку оние што не раѓале.

Се смета дека растот на овие тумори го поттикнуваат некои негативни фактори, како што се: повеќе абортуси, долготрајно користење на несоодветни контрацептивни таблети, хронични воспаленија на матката и на аднексите, стрес, зрачење со ултравиолетови зраци, цисти на јајниците, зголемена телесна тежина итн.

 

Симптоми

Повеќето миоми не даваат никакви симптоми и се откриваат случајно во тек на рутински гинеколошки преглед. Се проценува дека од околу 20 до 50% од миомите имаат одредени симптоми или знаци на болеста.

Абнормално крварење од матката е најчестиот симптом кој укажува на присуство на миом, симптом кој пациентките ги доведува на гинеколог. По количество тоа може да биде обилно или продолжено менструално крварење, односно неуредно меѓументруално крвавење.

Симптомите кај миомите се во склад со нивната локализација во матката. Најчесто симптоми пројавуваат оние тумори кои се вгнездуваат во мускулниот ѕид на матката. Тие ја намалуваат нејзината моќ за контракција во текот на менструацијата, па во овој период настанува поголем одлив на крв, поради што се јавува анемија кај пациентките. Не ретко, во зависност од големината, миомите можат да вршат притисок на околните органи и може да предизвикаат болки во мочниот меур и зачестено мокрење ако се поставени на предниот ѕид од матката. Оние што се назад предизвикуваат болки во половината.

Вториот тип се надворешните миоми, кои може да растат на петелка и ако се мали се откриваат при рутинска контрола со ултразвук. Некогаш може да доведат и до тешка клиничка слика ако се увртат околу петелката преку која се исхрануваат.

Третиот тип се внатрешните миоми кои имаат карактеристични симптоми поради тоа што организмот ги третира како туѓо тело, се обидува да ги исфрли и се јавуваат постојани болки, крварења и секрет кои не се поврзани со менструалниот циклус. Овој тип миоми често се проследени со инфекции и така доаѓа до отворање на грлото на матката, бидејќи овој миом има намера „да биде породен“.

 

Компликации и последици

Стерилитетот е резултат на нарушените контракции на матката во текот и по сексуалниот контакт. Во присуство на миом, нарушен е транспортот на сперматозоидите, зголемена е должината која тие ја поминуваат, а можно е да постои и непроодно грло на матката и неможност за всадување на оплодената јајце-клетка.

Компликациите во бременоста кај жените со миом на матка се значително почести и го зголемуваат ризикот од спонтан абортус и од предвремено породување, се јавуваат пречки во функијата на постелката, нерегуларна позиција на плодот и крварење по пораѓањето.

 

Дијагноза

Дијагнозата се поставува врз основа на детално земена анамнеза за болеста, со гинеколошки и со ултразвучен преглед.

Најдобар начин за да се дијагностицираат и да се следат миомите е ултразвучен преглед. Ретко е потребно да се направи компјутеризирана томографија или нуклеарна магнетна резонанца.

Мал број од миомите може да преминат во лоши тумори, односно да малигнизираат. Поголема можност да малигнизираат имаат оние миоми кои продолжуваат да растат и покажуваат знаци на размекнување – некрози. Нивниот третман треба да биде оперативен.

 

Третман

Оперативно лекување е предодредено за оние миоми кои предизвикуваат болки, имаат брз раст, ја попречуваат физиологијата на околните органи или се причина за стерилитет. Кај другите миоми потребно е следење или конзервативно лекување, најчесто со препарати кои дејствуваат на нивото на хормоните во организмот на жената.

 

Во понов период во тек е испитување на еден клинички метод на третман на овие тумори со прекин на исхраната на нивните крвни садови. Се уште е во тек следењето на влијанието на терапијата за имуна корекција – туморска вакцина, која би предизвикала специфичен имунолошки одговор против туморскиот раст.

Редовно на контрола

Еднаш дијагностициран миом, кој не предизвикува тешкотии кај пациентката, треба да се контролира редовно во зависност од препораките на вашиот лекар.

Сите оние миоми кои доведуваат до зголемени крварења, проследени со анемија, кои доведуваат до болки или ја нарушуваат функцијата на другите органи, кои предизвикуваат проблеми во текот на забременувањето и бременоста, треба да се подложат на терапија, било медикаментозна, било хирушка.

 

 

Дознајте повеќе за авторот - Елвис Ќаили

 

doktori.mk.logo

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Особено е важен за жените кои очекуваат бебе. Магнез...
4
Колку вода да пиете додека сте бремени?
Предлогот за пиење вода за време на бременоста е околу шест до осум чаши вода на ден“, објаснува д-р Едвард Марут, репро...
4
Трите чуда со кои Бог ја благослови жената
Јога за бремени жени
4
Зошто се повеќе се раѓаат гигантски бебиња?
Се чини дека секоја недела во јавноста допира по една информација за новороденче кое шокира со својата неверојатна тежин...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?