|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Melanija *: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 11.7.2011
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

 

Детали

Име: Маја Стојковска

Ќерка: Меланија Стојковска

Ник: Melanija *

Датум на породување: 01.06.2011 година

Тип на породување: Спонтано

Болница: Државна болница-Скопје

 

 

 

Беше топол летен ден, само два дена по мојот роденден на кој се преморив одејќи сто пати нагоре надолу по скалите - еднаш по сок, еднаш по торта, еднаш по грицки, па тоа пак да се врати назад и тој ден мислам дека се „потрошив“ сосема. Сите ме караа да не се движам толку, бебето го носев многу ниско, но јас никого не слушав. Си мислев мене ништо не може да ми се случи, не денес, не во следните два месеци...

По два дена уште од утрото почувствував некакви чудни болки кои беа ретки, но ме тераа постојано да одам во тоалет. Си реков сигурно повторно беспотребно кревам паника, па си одлучив на никого да не кажувам за да не ги вознемирувам, имајќи во  предвид дека сите околу мене, буквално се тресеа на секое мое „оф“. 

После ручекот почнав посилно да чувствувам болки па си реков да се одморам, сигурно ке престанат. Така некое време сум заспала кога ме разбуди истата болка посилна неколкупати. Сфатив дека „морам да паничам“, тоа беа болки во матката. Иако ми беше прва бременост, дури на крајот си признав дека имам контракции. Му се јавив на матичниот гинеколог и му објаснив што чувствувам и веднаш ми рече да одам во клиника.

И се јавив на мајка ми и дотрча од преку улица, ја викнав и свекрва ми и со сопругот се качивме во кола и отидовме. На ЦТГ ми покажа контракции 100-ка, а на прегледот бев отворена 2 прста. Докторот ми кажува, а јас не можам да си поверувам. Зарем сум почнала да се отворам, па рано е...... јас сум 31-ва недела....

Ме однесоа на патолошка и ми ја ставија првата инјекција за зреење на плуќата на бебето и вклучија Токолиза за да ги сопрат контракциите, за да издржам да ја примам втората инјекција за 24 часа. Дојде докторот, кој впрочем му е на сопругот прв братучед и на кого ќе му бидам благодарна целиот мој живот. На следниот преглед бев отворена 4 прста и едниот доктор неколку пати рече да ме однесат на породување, а „мојот доктор“ се спротивставуваше и викаше дека ќе издржам за да ја примам и втората инекција. Контракциите не стивнуваа, а болките беа страшни, но кога помислував дека животот на моето бебе зависи од тоа дали мама ке биде силна, ги стегнав забите и им реков дека ќе издржам. Впрочем во такви моменти жената добива сила и како лавица и се спротивставува на болката за да го заштити своето малечко. За мене нејзиниот живот беше многу поважен од мојот. Не мислев веќе на себе, престанав да постојам, станав само тело кое мора да ги издржи силните удари на животот за да ја спаси вистинската светлина, за да ја спасам мојата ќерка...

Ме качија на интензивна нега и ми ја кренаа карлицата високо со креветот. Мојот доктор ми рече дека ќе оди да се одмори, а потоа повторно ќе се врати и остави една сестра да внимава само на мене. На следниот преглед друга некоја докторка со груб преглед, од кој дополнително се отворив, рече веднаш носете ја отворена е 5 прсти. Тогаш сестрата се спротивстави и повторно останав врзана во креветот, со верба и надеж дека сум посилна од болката и дека моето дете мора да се роди и да дише сама,  и ако не успеав да ја задржам до 9 ти месец, ќе успеам да ја задржам во мене следните неколку часа. Колку се молев, колку зборови кажав во себе од кои сеуште ми навираат солзи во очите....

Бев цврсто заспана кога дојде сестрата и ми рече „Душичке мораме да ја ставиме инјекцијата, дојде времето“. Колку само се израдував на таа инјекција. Се почувствував како да сум направила некој херојски подвиг, успеав во нешто толку важно-издржав за моето бебе. Се почувствував гордо, како да се правдав за тоа што не успеав да издржам до 9-ти месец-како јас да бев виновна...

Ја примив инјекцијата и тогаш дојде докторот. Постојано го прашував какви се шансите за бебето, а тој искрено ми рече „Шансите се 50-50 до сега со двете инекции, секој саат плус, за неа е по еден процент плус“. Повторно сум заспала за да украдам што повеќе време, а да не умрам од болки!!!

Утрото на 01.06.2011 година ме разбуди визита, а токму тогаш болките сопреле. На прегледот бев отворена 9 прсти, рабовите изгладени, а главата на бебето фиксирана. Не можеше повеќе да се чека, моето дете решило да излегува. Постојано го прашував докторот кое е најлошото сценарио што би можело да се случи, тој ми рече дека ако не ја стават на цевки за дишење, тоа ќе биде првиот позитивен знак, дека има шанси да биде се во ред. Како со нож да ми го пресече срцето, како во тој момент да ме уби. Не ми се веруваше дека прашувам дали ќе биде се во ред со моето дете, за кое до пред два дена им велев на сите „рано е за креветче, до деветти има уште денови“. Ах само колку се непредвидливи нештата. Колку животот може да се смени во неколку секунди. Лежев во салата за породување и се мачев со милион мисли и прашања!!!

Добив провокации за да ги вратат болките што 3 дена ги смируваа. По 2 часа ете ги назад истите, но јас веќе се навикнав на нив...Трипати напнав и од мене излезе бебе, толку малечко и собрано во топче, со затворени очиња, тој момент никогаш нема да го избришам од глава. Беше толку малечка....1 кг и 200 грама и долга 37см, Боже никогаш дотогаш не сум видела толку малечко суштество, толку мало бебе. Со последните сили, ја спуштив главата назад и заплакав. Гласот ми запре, но солзите не престануваа. Чувствата ми беа измешани. Се радував што на свет го донесов моето малечко ангелче со кое 31 недела бевме врзани во мојата утроба, а тагував зашто тоа не беше времето кога треба да излезе. Наместо бебешки плач, слушнав слабо цивкање и се преплашив, околу неа се собраа доктори и  си правеа што мораа да направат, па една сестра рече „ќе ја однесам да ја види мајка и“ и ја донесе до мене „мајка имаш ќеркичка“ ми рече и со некоја чудесна топлина ме обли по целото тело. Тоа беше благословот кој го примив од животот. Толку бев преплашена за тоа дали се ќе биде во ред со неа, што не ја допрев ниту еднаш, а не знаев дека тоа ќе ми беше единствениот допир, единствената шанса да ја почувствувам нејзината кожичка, малечките ножиња, рачињата... Барем да ја погалев по косичката...

Тогаш ја однесоа, ја ставија во инкубаторот и до денес сеуште ниту еднаш не сум ја допрела, а срцето ми се кине кога помислувам колку сестри ја допреле до сега, а нејзината мајка не...

Сите беа пресреќни што во семејството има нов член, но јас бев завиткана во некој страв, од кој не можев ниту една насмевка да извлечам. Ги гледав мајките кои се учеа со своите деца, на најважната родителска улога, а јас самата лежев на студениот кревет. Следниот ден дојде сопругот за да си одам. Како слегував по скалите, така дел од мене остануваше назад. Кога излегов мажот ми за рака држеше само студена статуетка која ниту зборуваше, ниту чувствуваше. Се што бев „јас“ остана назад. Остана кај моето малечко дете, кое го оставив самото да се избори за својот живот.  

Меланија сега има 1 месец и 5 дена, толку време сме одделени една од друга. Докторите секој ден ми кажуваат дека е силно бебе, јас знам дека таа е мојот мал борец, но најубавиот дел од нашиот заеднички живот, ние двете го минуваме одвоено... Тоа никогаш нема да го надоместиме, ниту да го вратиме времето назад...

Сега се' што правам е што се обидувам да ја соберам целата позитивна енергија од светот и секој ден ја испраќам кај неа, но всушност кога ќе отидам да ја видам таа е посилна од мене. Таа мене ме теши и ми дава сила да издржам. Целата е модра во рачињата и ножињата, на главчето и испукале венички од инфузијата, а кога ќе не види толку многу се радува и се смее, што добивам нова надеж дека за некој ден ќе се гушкаме дома!!!

Не знаев ништо за предвремено родени деца и случајно ја пронајдов Рингераја и впрочем тоа беше најдоброто што ми се случило оттогаш. Тука дознав многу работи и многупати оттука собирав сила и црпев енергија, делејки ги искуствата со другите мамички. Сфатив дека не сум сама на светов и дека има и други борци кои успеале во своите битки. Останува мојата и борбата на Меланија, за да се запишеме и ние во листата на среќни приказни!!!

 

 

Придружете ни се и пратете многу позитивна енергија за малата Меланија и нејзината мама. Пишете ни на форумот наменет за  Предвреме родени деца!

 

Прочитајте го текстот на Melanija * ВТОРА ШАНСА од Дневникот на мама


Рингераја и посакува среќно детство на Меланија !

 

 

Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

 

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Контракции - СЕ што треба да знаете
Ако сте бремени, веројатно размислувате за контракциите - особено кога се приближува терминот. За многу жени, тие се еде...
5
Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
3
Дали покачениот холестерол е нормален во б...
Зголемениот холестерол за време на бременоста е многу важен за здравјето на мајката и бебето. Сепак, експертите објаснув...
3
Топ 9 храни кои содржат фолна киселина за ...
Недостатокот на фолна киселина е еден од најчестите недостатоци на витамини.Фолатот (витамин Б9) е особено важен за врем...
3