Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
ПРВ ДЕЛ
Се будите едно магично утро и со сите свои сетила чувствувате колку е прекрасен денот. Вдишувате со полни гради и тргнувате да го освоите светот или барем да изминете дел од патот кон тоа освојување. За да биде уште попрекрасно чувствувате, откривате, дознавате и потврдувате дека магијата сте всушност вие, зашто едно мало вистинско чудо се случува во вас. Тоа чудо е производ на првото чудо наречено љубов. Овие две чуда се тесно поврзани меѓу себе и имаат причинско последичен карактер, едното Ве води кон другото т.е. љубовта Ве води кон новиот живот кој се создал во Вас и ќе расте во Вас цели девет месеци, и тоа не само за Ваша радост, туку и за радоста на сите кои ги сакате и Ве сакаат. Но чудата не завршуваат тука. Верувам и искрено Ви посакувам да го доживеете и третото чудо наречено јога за бремени.
Ако сте доволно мудри и трите чуда наречени “љубов”, “бременост” и “јога” ги споите во едно, тогаш сте тројно благословени. Тогаш се чувствувате жена во комплетна смисла на зборот и ја осознавате моќта која ви е предодредена.
Сета љубов што ја имате во себе спонтано се насочува кон Вашето бебе уште во првиот момент кога дознавате за него. Оваа взаемна врска е нераскинлива, трае и после телесното одделување. Затоа е многу важно како ќе го искористите времето во бременоста зашто тогаш се поставува темелот на иднината на Вашето дете и неговата поврзаност со вас, и секако релацијата со околината.
Секоја бремена жена знае дека не треба да чека да се роди бебето, за да може нешто да направи за него. И предходните девет месеци може да ги искористите квалитетно и за себеси, а истовремено од тоа да има корист и бебето. Можат да бидат исполнети со грижа, не загриженост, туку заедничко дружење, меѓусебно запознавање и свесност за постоењето на бебето и Вашата улога во неговиот развој.
Практикувањето на јога во бременоста е најдоброто нешто што можете да си го дозволите на себе и на бебето. Земајќи предвид дека тие девет месеци сте како едно, сé што правите за себе, всушност правите и за малиот човек што расте во Вас. Или можеби ако сте повеќе екстровертни и ви оди од рака секогаш да бидете тука за другите, наместо за себе, тогаш знајте дека сé што правите за бебето истовремено делува и на вас. Секако дека јога - вежбите се една од можностите која ќе ви овозможи поздрава бременост, лесно породување и поголема свесност за се што се случува во текот на бременоста и што всушност тоа значи.
Пишува: Анастасија Терзијева Илиева, инструктор по јога
Јога-сојуз на Македонија, www.yoga.org.mk
фото: Александра Адамовска Митковска
Јога-друштво Битола
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кога љубомората е знак на грижа, а кога на несигурност?
Љубомората е чувство што сите сме го доживеале барем еднаш. Таа може д...
Потентноста на сперматозоидите
Постои широко распространет мит дека подолгата апстиненција ја зголему...
Антибиотици кај деца и најчести грешки на родителите
Зошто „побрзо да помине“ понекогаш значи подолго и потешко закрепнувањ...
Откриј кој тип мајка си на детското игралиште
Детското игралиште е мал социјален експеримент и за децата, и за родит...
Отитис - воспаление на уво, домашни мерки и терапија
Отитисот, односно воспалението на увото е честа состојба кај деца, но ...