|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

me_mother_of_three: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 27.5.2020
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Уште од дете, мојата омилeна играчка беше куклата бебе по име Соња. Имав 5 години и деновите ми беа исполнети со неа, бев совршена мајка.

Како растев, растеше и таа желба со мене - да бидам мајка.
Да имам девојче по име Лидија, да имам близначиња машко и женско со имиња Алигора и Алигор... 
Бев студентка пред дипломирање и едно лето на летување камперите до нас имаа бебе. Неговиот плач ме надразнуваше така пријатно, уживав  гледајќи како родителите уживаат со него, неговото слатко гугање, смеење... Знаев - сакам бебе. Му реков: сакам да имаме бебе! Како од шала, ама истиот септември имав позитивен тест. И ехото потврди, една точка која ја засакав инстантно беше тука, чукаше во мене. Бев да ја одбранам дипломската работа и си ја галев точкичката во мене. 
Во ова сознание уживав цели четири недели. Измешани емоции, гордост, среќа, припрема за свадба, замислување на лиценцето на мојата Лидија или Климент... Знаев само дека на првата средба моето бебенце ќе носи жолта облека. Бебенце во жолто, исто како мојата кукла Соња од детството.
Го очекував прегледот во осма недела, но пред да го дочекам почна крварење. Матичниот ми даде упатство за мирување и препорака за терапија. Лежев дома три дена, крварењето само се појачуваше и во еден момент онаа точкичка ја држев во своите раце. За кратко ме примија во болница и ми го потврдија истото - нема плод, отпаднал!
Онаа радост, бебето во жолти облечиња, мојата Лидија, мојот Климент...замина се во секунда!
И како да не беше доволно болно ова, наредното искуство ме докрајчи.
Јас, една девојка која пред неколку дена за прв пат во животот била на гинеколошки преглед и и' кажале - честитки, ќе станеш мајка, сега се најде во родилна сала на бокс, опкружена со толку светилки, страшни инструменти. Слушав како изговараат меѓу себе поими кои прв пат ги слушав, со инфузија во едната рака и анестезиолог кој зборувајќи ми нешто без врска ми стави маска на устата...и тоа е таа слика која ме ужаснува и гони цел живот. Чувствата на беспомошна, соголена пред нив, со болки, крвава, кревка, исплашена, понижена...ужасно со еден збор.
Наредно кога се разбудив, бев во кревет во соба со уште три други ТРУДНИЦИ!! А од другата соба се слушаа измешани плачеви на новороденчиња.
Одново ме облеа болка, за кратко се освестив, се сетив што било, која сум и каде сум и зошто сум тука. 
Липав на цел глас како дете!
Ја повикував на цел глас мојата Лидија, мојот Климент. 
Тие два дена во болницата беа ужасни!!
Дома ме донесе татко ми на рака и мајка ми ме негуваше додека бев во незамисливо ужасно место во мојата душа. Си го мразев телото!! Моето тело - убиец на моето бебе. 
Бев ГНЕВНА!
Што ако никогаш не можам да имам деца? Што ако при интервенцијата ме оштетија? Зошто толку крварам? Зошто толку ме боли?
А актуелни беа рекламите за Памперс. Мајка ми одма менуваше канал, ги фрли влажните марамици на Бекутан со бебе на слика, ме негуваше како детенце а јас само запаѓав во поголема депресија.
После оваа моја загуба, ја загубив мојата најголема поддршка, пријателка, ѕвезда водилка - мојата мајка. 
Наместо свадба, бебе,радост јас имав болка, празнина, тага, погреб. 
Другарката која беше бремена само некоја недела повеќе од мене, се појави со своето едвај заоблено стомаче на погребот и ме тешеше.
Гледано денес жалам за мојата постапка, но во тој момент нејзиното присуство ме болеше, па ја замолив за нејзино добро да не се гледаме некој период, се плашев дека ќе и завидувам или замразам без да сакам, мојата огорченост и болка беа преееголеми.
Фамозните три месеци после кои смеев да се обидам пак поминаа, но тогаш добив работа со која брак и дете од старт не одеа заедно.
Новата околина ми ги оттргна мислите малку.
Работев на шалтер со странки и еден ден клиентката беше една жена, една мајка која во рацете држеше малечко бебенце, целото облечено во жолто. Вечно ме прогонува погледот на тоа мило бебенце кога ја кренав главата спремна да кажам "повелете" но место тоа останав здрвена - пред мене стоеше мало, слатко бебенце, целото облечено во жолто. Со кнедла во грлото и цел филм кој инстантно ми мина во мислите - мојата кукла Соња, мојата неродена Лидија,Климент, моето бебе во жолто... ооохххх, само неколку солзи се стркалаа по лицево и занемена се спуштив зад шалтерот и почнав да липам!
Поминаа месеци и другарката го роди нејзиното мало, совршено бебенце.
Бевме први посетители и го држев во раце тоа мало совршено божјо чудо!
Ахх, какви емоции ме преплавија во тој момент. Исполнувачко чувство но и една огромна празнина. Можеше да биде моето...
Тогаш повторно знаев, спремна сум и сакам мое. По секоја цена. И почнаа обидите. Секој месец во кој утрото ми почнуваше со циклус, нов дел од мојата уништена душа умираше.
Цели две години така. Над дваесет негативни тестови. Многу ноќи минати во солзи, додека сите уживаа во младоста и се забавуваа, јас ја гледав сликата од единственото ехо на мојата точкичка и плачев. Две години во кои минував часови во шопинг сама за да ги менам мислите. Многу месеци во кои негативниот тест значеше да си направам промена и секој месец бев со нова фризура и боја на косата.
Толку се здебелив и пуштив стомак, се облекував така и сите ме прашуваа - да не има нешто? 
Две години се измачував и го проколнував денот кога лежев на тој проклет родилен бокс во болница без пород!
Што ли ми направија? Ме осакатија!
Најпосле, собрав сила и се обратив на лекар. Анализите покажаа с? е во ред. Па како е во ред, јас не сум бремена, не е во ред.
Најпосле добив одговори и ме ставија на хормонска терапија. Тоа значеше дополнително дебелеење и дополнителен сомнеж кај останатите и секако дополнителна болка за мене кога им одговарав негативно.
Три години подоцна , еден нов септември, повторно доцнење на циклусот, но немав храброст да направам тест. Бев на гинеколог и на ехото на се гледаше ништо. Направив тест во ординацијата и тие 5 минути беа најдолгите во мојот живот. Најпосле, отидов и ги здогледав, повторно ги имаше тие две црвени цртички. Повторно се родија среќата, возбудата, треперењето, гордоста, надежта за моето бебе во жолти облечиња ...ама овој пат и голем страв, недоверба,паника... Во истиот момент се потсетив на Лидија или Климент, иако со болка, сега бев дефинитивно спремна да се збогувам со надежта дека ќе држам бебе со тие имиња.
Лежев, мирував, скоро со страв им се пофалив на најблиските...
И пак дојде фамозната осма недела. И пак крварење. Се упатив веднаш во болница. Апчиња, инфузија, инекции, мирување и молитва! Се препуштив на Божјата волја, на природната селекција, знаев дека во мои раце е само смиреноста и вербата...
Изминаа девет месеци во страв, трепет, возбуда, очекување,радост.. Жолтото бебешко комплетче ми беше новогодишен подарок од мојата сестра и точно на дочекот на новата година на полноќ за прв пат го осетив клоцањето на бебето во мојот стомак.
Пролетта пак лежев на оној родилен бокс, ама овој пат кога се разбудив, ја држев во прегратка мојата ќерќичка, моето бебе во жолти облечиња. 
И уште два пати потоа лежев на тој бокс и се будев со моите бебиња облечени во тоа жолто комплетче!
Сега сум мајка на три прекрасни, совршени дечиња, девојче од 9 и две момчиња од 7 и 4 години!
Секое утро се будам до нив и го гледам - моето чудо во три пара очиња! 
А она сличе од ехото на мојата точкичка, мојата несудена Лидија или Климент, сеуште го чувам на истото место во паричникот. 
Верувајте во чуда!!! Се случуваат!
1

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
5
Ако немате утринска мачнина, носите машко ...
Дали е вистина дека ако немате утринска мачнина рано во бременоста, носите машко дете?!
4
Очекуваат свои и близнаци од сурогат мајка
Брачен пар, кој се обидувал да добие бебе цела деценија, сега очекува четири бебиња, бидејќи и мајката и сурогат мајката...
4
Правилна исхрана во 3-от триместар од брем...
Откријте која храна ви треба вам и е потребна за развој на вашето бебе во третиот триместар од бременоста ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?