vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Кога детето ќе порасне, родителите се наоѓаат во ситуација да мора да го прифатат неговиот емоционален партнер. По периодот на забавување, доаѓа период за сериозна врска, која води до брак и основање на семејство. Сето тоа го менува поранешниот емотивен однос на детето кон родителите. Кога личноста има доволно добар однос со партнерот, се смета за нормално дека оваа емоционална врска, станала поважна во поврзаноста со родителите.
Предност му се дава на сопатникот, со кој ќе стапите во брак и ќе имате деца. Родителите се должни да ја прифатат оваа промена. Сепак, постојат татини ќерки, татини синови и мамини ќерки, но најверојано највпечатлив емаминиот син. Иако физички пораснал, маминиот син не добил психолошка дозвола емотивно да порасне.
Овие мајки му се многу посветени на синот и често во тој однос ја наоѓаат смислата на својот живот. Бидејќи на голем и самостоен син не му е толку потребна мајка, овие мајки се плашат дека во тој случај би станале непотребни и бескорисни, без смисла за животот.
Тоа се често самохрани мајки кои целиот свој живот го посветиле на детето и не знаат како би живееле надвор од улогата – мајка. Некогаш пак мајките, разочарани од љубовта на сопругот, сета своја љубов ја насочиле кон синот.
Кога синот симболично е врзан за мајката, не може доволно квалитетно да и се посвети на партнерката.
На овие мајки, ниедна девојка не им е доволно добра за синот. Ако девојката ја прифати доминацијата на мајката и влезе во улогата на нова ќерка, тогаш мајката може да ја прифати, но само додека се покорува.
Некогаш, уште на прв поглед е јасно дека некој е мамин син, а понекогаш тоа ќе се открие дури по стапувањето во брак. Кога тоа ќе го открие, жената се надева дека мажот ќе созрфее. Доколку тоа не се случи настануваат конфликти.
Со тоа, на маминиот син ќе му се потврди дека мама и во право. Затоа е најдобро за девојките кои бараат сериозна врска, да ги избегнуваат мамините синови.
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како физичката активност влијае врз плодноста?
Редовното движење е важно за општото здравје, но дали може да ви помог...
Направете украсни свеќи со калапи за колачи
Дали знаевте дека калапите што ги користите за подготовка на колачи мо...
Дали прекумерната тежина го отежнува забременувањето?
Доколку планирате бременост, можеби се прашувате дали телесната тежина...
Напитоци за порамен стомак. Што може да помогне?
Подуеноста и задржувањето течности понекогаш прават стомакот да изглед...
Навики на позитивните и смирените луѓе
Дали познавате луѓе кои и во стресни ситуации успеваат да останат приб...