vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
21 Век, време исполнето со мислења од типот "да му умре козата на комшијата" и гледањето во дворот на комшијата.
Време исполнето со завист, љубомора, омраза и исмејување.
Време исполнето со некултура.
Време исполнето со сајбер булинг, булинг во училиште, на работно место итн.
Време исполнето со мисла да му го расипеш денот на некој, по било која цена.
Време исполнето со споредување со другите околу нас.
Време каде значењето на реченицата "убавиот збор железни врати отвара" е скроз изгубено.
Време каде веќе не постојат џентламени.
Време каде сите "пукаат" со своето его.
Време каде сите знаат се, експерти на секое поле.
Време на лажни профили и "јачење" зад тастатура.
Гледајте си за себе и за тоа какви треба да бидете самите.
Не му посакувај на никој тоа што не сакаш тебе да ти се случи.
Бидете културни.
Не трауматизирајте никој и никаде!
Секој ден кажи, напиши, направи нешто на/за некој.
Не се споредувајте со никој. На никој не знаете дома како му e, или како и е на самата личност.
На секој среќата му работи,дали покасно или порано.
Не ги заборавајте зборовите со големо значење: "Убав ден, недела" ; "Лесна работа"; "Благодарам"; "Извини"; "Повели" ....
Бидете дами, за да постојат џенталмени и обратно.
Научете се да си ги прифаќате своите грешки.
Не се правете дeka знаете се. Си има едуцирани и со школо луѓе за некои работи.
Искажи го своето мислење и критика на убав начин без да се криеш зад лажен профил!
9
6
6
6
забава Бремените
Автор: bobik
Кофеинот може да се консумира во бременост, но во ограничени количини....
Јадење кикирики во текот на бременоста
Кикириките не мора да се избегнуваат во бременоста ако немате алергија...
Кога е време да побарате помош ако бременоста не доаѓа?
Обидите за зачнување понекогаш траат подолго отколку што очекуваме. То...
Каде се се крие кофеинот освен во кафето?
Кога ќе помислиме на кофеин, првата асоцијација обично е кафето. Но, к...
Како да воспоставите здрав сон кај бебето?
Здравиот сон кај бебето не значи дека мора да спие цела ноќ без будење...