Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
БАТКОТО / сестричето се љубоморни
Треба да бидете свесни дека кризата кај поголемото дете, заради раѓањето на бебето е неизбежна - независно од неговата возраст.
Одеднаш детето чувствува дека има уште некој, кон кого е насочено вашето внимание и љубов. Кон несигурноста ќе треба да го додадете и неговото чувство на љубомора, како природна реакција.
Бидејќи фактот си е факт: во моментов бебето одзема од времето што пред било само за него.
Покажете му дека го сакате!
Имајте трпение, додека детето ви се постави и го најде своето ново место во семејството. Најважно е да ја покажувате својата љубов кон него што е можно почесто.
Кога спие бебето, одвојте време за поголемото дете. Поиграјте со него или раскажете му приказна - на тој начин нема да го лишите од моментите кои претходно сте ги имале заедно. Можете исто така да го разгледувате албумот со неговите први слики и да му кажете што сакал да јаде, кога му никнало првото запче. Со раскажување на секоја следна ситуација детето ќе се убедува повеќе дека брат му го добива она што тој самиот го имал како бебе.
НАПРАВЕТЕ го детето свој помошник!
Дозволете му да ви помага при капењето и повивањето на бебето. Дури двегодишните деца можат да извршуваат лесни задачи - да ви донесат облека или да ви ја отворат бебешката пудра. Можете да го подготвите детето за неговата улога на помошник уште пред раѓањето на бебето. Подарете му кукла и покажете му како да се однесува кон неа како кон вистинско бебе - да ја повива, искапи, храна, облекува. Така подоцна баткото или сестричето ќе помагаат со грижата играјќи си.
УЛОГАТА НА таткото
Во првите денови од појавата на новиот член на семејството на таткото паѓа особено важна улога.
Таткото е оној кој може да го надомести недостатокот на внимание кон поголемото дете додека мајката го дои или успива бебето.
Таткото може да преземе дел од игрите, да го шета детето, да го храни и подготвува за спиење. Значи, од една страна, детето ќе ја добива потребната грижа и љубов, а од друга страна, му давате шанса да се зближи со татко си.
6
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е период на големи промени во телото, а со нив често доаѓаа...
Хормони и исхрана, клучот за редовен циклус и овулација
Исхраната има директно и значајно влијание врз хормоналната рамнотежа,...
10 знаци дека твојот партнер ќе биде добар татко
Не постои совршен тест за тоа кој ќе биде добар родител, но постојат о...
Инфекции на уринарниот тракт кај деца
Инфекциите на уринарниот тракт се меѓу почестите бактериски инфекции в...
Во која недела најчесто се случува спонтан абортус?
Спонтаниот абортус најчесто се случува во раната бременост, особено во...
Капење бебе.
пеперутка16
Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)