Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Млади брачни партнери влегле во продавница и почнале да ги разгледуваат наредените играчки. Имало кукли кои се смеат и плачат, автомобили кои се движат сами, имало дури и кујни кои сами прават торта. Но не можеле да се договорат што да купат, па им се приближила продавачката.
“Видете, имаме мало девојче, а поголем дел од денот поминуваме надвор од дома.”
Тогаш сопругот рекол: “Нашето девојче многу ретко се смее. Сакаме да и купиме нешто што ќе ја направи среќна. И тогаш кога нема да бидеме дома. Нешто што ќе ја разведри кога ќе биде сама.”
А продавачката одговори
“Жал ми е. Ние овде не продаваме родители"
-----------х------------
На децата им е потребно многу љубов и внимание, па и тогаш кога се многу мали. Како што 15-годишното момче запиша во својот дневник: “Сакав млеко - ми дадовте бебирон, сакав родители – ми дадовте играчки, сакав да разговарам – ми дадовте телевизор, сакав љубов – ми дадовте морал, сакав среќа – ми дадовте пари. Барав смисла на животот – ми дадовте кариера. Сакав надеж – ми дадовте страв. ”
Едно девојче вака го доживеа таткото: “Татко ми наутро излегуваше и навечер се враќаше среќен што не гледа. Кога никој друг не успеваше да отвори шише, тој го правеше тоа. Само тој не се плашеше да отиде во мрачниот подрум по дрва. Кога врнеше дожд, тој одеше по автомобилот. Ако некој беше болен, тој трчаше по лекови. Се плашев од другите луѓе, но не и од својот татко. Еднаш му направив чај. Тоа беше обична загреана вода со шеќер. Седеше до мене, пиеше и зборуваше за тоа колку е вкусен чајот. Едно утро, кога имав девет години, тато не можеше да стане. Не мислев дека неговата смрт ќе ме погоди толку многу. Ни денес не ги знам причините за тоа.”
7
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Улогата на блиските во финалната фаза од бременоста
Последните денови од бременоста се период исполнет со возбуда, исчекув...
Кофеин во други пијалоци и храна, колку е безбедно?
Кога се зборува за кофеин, најчесто се мисли на кафе, но тој се наоѓа ...
Двојна метода за следење на овулација
Кога се планира бременост, најважно е точно да се одредат плодните ден...
Што да избегнувате при избивање заби кај бебе?
Избивањето на забите е нормална, но често непријатна фаза кај бебињата...
Што би сакал/а да знаев пред да станам родител?
Родителството често изгледа како нешто што инстинктивно ќе се случи, н...