|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мали тајни на задоволните мајки

Редакција Рингераја, 26.3.2014
Дали сте забележале дека некои мајки изгледаат многу задоволно и сигурно во улогата на мајка, а некои се хронично уморни и на работ на нервен слом? Како успеваат првите да останат смирени, а другите реагираат и на најмал стрес?
Клучни зборови:

image
/11


 

Иако секоја жена е различна, можат да се издвојат неколку заеднички елементи кои им помагаат на мајките да останат релаксирани. Тие:

 

Ги поедноставуваат своите обврски

Некои мајки на пример, купуваат исти продукти секоја втора недела, следејќи го составеното двонеделно мени. На тој начин си олеснуваат себеси и на семејството, бидејќи готват она што им се допаѓа на сите, штедејќи време и избегнувајќи фрлање на храна. Иако е здраво да се воведува ново и да им се нудат на децата различни јадења, во тоа не треба да се претерува. Ваквата организираност може да му помогне на многу мајки за да избегнат  долготрајно размислување што да се готви.

 

Ги учат децата да бидат независни

Ова секако не значи да се пуштат децата да прават што сакаат. Мудрата мајка знае дека двегодишно дете може да ја стави својата чинја во машината за миење садови, четиригодишно дете може со помош на лажиче само да намачка мармалад на леб, или да стави шунка во сендвичот, а седумгодишно дете може да помогне во чистење на подот.  Секако, не треба да очекувате совршено завршена работа. Доволно е да посматрате што може да направи вашето дете и кои задачи можете да му ги дадете. Наречете го тоа добра организираност.

 

Немаат комплекс на супер-мајки

Заедничка црта на задоволните мајки е да не се расправаат за секоја ситница со детето. Тие инсистираат на важните работи. Врзување во автомобил? Нема расправија, задолжително е. Кратки ракави сред зимо? Може – над блузата со долги ракави. Креативен договор.

 

Често велат: “И тоа ќе помине!

Тоа не значи дека треба да се игнорира непослушното однесување. Предноста на овие мајки е што знаат дека поголем дел од “нецивилизираното однесување” едноставно ќе исчезне во текот на созревањето. Мудрите мајки се свесни за развојот на своето дете и од него не очекуваат ништо што е надвор од неговите можности.

 

Мислат на себе

Тие нема да го обвинуваат бебето за вишокот на килограми две години по породувањето. Мислат на здравата исхрана, се одмораат доволно и вежбаат. Знаат дека складната линија не паѓа од небо.

 

Уживаат во моментите

Задоволните мајки знаат дека денот е долг, а годината кратка. Ги спуштиле своите очекуваат и тука се кога работите ќе се искомплицираат. Кога детето е болно нема да им биде важно ваков неред има во куќата, па така лошиот ден ќе се претвори во убаво сеќавање ако цел ден лежите на каучот и се галите со бебето.

 

Не ги интересира што мислат другите

Било да се работи за госпоѓа која превртува очи во ред на касата или свекрва која е убедена дека детето гладува, задоволната мајка знае дека не треба да им придава значење на мислењето на луѓе кои не живеат во нејзината куќа.

 

Имаат и нешто екстра

Тоа може да биде некоја работа или хоби, бидејќи се свесни дека децата еден ден ќе пораснат и ќе ги остават сами.

 

Дали вие се сметате за задоволна мајка? Која е вашата стратегија?

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Итар Пејо и стариот арамија
Македонски народни приказни
5
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
4
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
4
Летото е идеално за одвикнување од пелени
Доколку Вашето дете има меѓу 18 и 24 месеци, летото е идеално време за одвикнување од пелени.
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?