|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Мајки, кои сите мајки ги мразат

Anna Lefler, 19.2.2014
Која мајка меѓу нас нема искрено да каже дека се фрустрира од одредени видови на мајки? Ајде да ги наречеме “Мајки екстремисти”. Ги има секаде околу нас – во училниците, во маркетите, на спортските настани – оние мајки кои ни шетаат по нервите
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Не сакаме да го признаеме тоа, но тие не прават да се чувствуваме малку, хмм...инфериорни во одредени аспекти, за потоа да не остават со грижа на совест затоа што нивното однесување ни пречи. Тие се, по се, други мајки. Но дали не сме сите во еден тим? Дали не треба да си даваме поддршка едни на други? Сигурно...до точката во која некоја ќе донесе колачиња за родителите на родителската средба, додека гласно коментира колку лесно се движи низ кујната и цел ден прави колачи, иако ногата и е скршена и носи патерици.

Да, тука ставаме точка.

Се разбира, ние безволно се восхитуваме на некој аспект од родителството, или од личноста на овие дами, го признаваме тоа пред сите.

Но, да ги ставиме во неколку категории:

 

Мајка бактериоминатор

Тешко на бактериите кои ќе се приближат до раката на оваа мајка. Жена-центар  за контрола на болести, која ги има сите брошури и билтени, во кои се објаснети сите здравствени проблеми, графикони во кои се опишуваат епидемии на шап и лигавка, позната во сите јавни паркови по тоа што нејзиното дете носи нараквици и маска на уста и способна да го испрати своето дете на роденден во свечена микроб-маска. Кога сте во присуство на мајката бактериоминатор имате неконтролирана потреба да го бришете носот на вашето дете, независно дали тече или не.

 

Тасманиска мајка

Оваа мајка е опкружена со хаосот на сите времиња, со кој никогаш не сте се сретнале. Последниот пат кога разговаравте со неа, таа држеше две пискави деца во рацете и мирно ви раскажуваше што спакувала во торбата за нејзиниот одмор со децата во планина, додека Лабрадорот стоеше исправен во количката од маркетот, на истото место каде што беше ставена и сета храна. Кога сте во нејзина близина внимавајте да не земете од полицата на маркетот храна за кучиња, наместо за деца.

 

Мајка нутриционист

Па вие сте го хранеле вашето семејство со секакви глупости, се додека не се појави оваа мајка да ве просветли. Се нервирате од присуството на оваа мајка бидејќи ве засрами пред сите што не му дадовте на детето за ужина крцкав органски ориз и брокула. Работите навистина излегоа од контрола кога виде Red Bull во вашата ташна. Е сега ќе мора да трпите целодневно предавање за тоа како треба да да го нахраните нејзиното дете кога ќе дојде утре да си игра со вашето.  Немојте да мислите дека ќе си поминете со класично подготвено телешко месо со зеленчук и свежо цеден сок од портокал.

 

Кул мајка

Кул мајките постојат за да ги направат другите мајки (особено вас) да се чувствуваат како уништувачи на забави. Децата од сите возрасти се добредојдени во нејзиниот фантастичен свет без граници. За нејзе не е чудно детето да јаде банана-сплит додека таа брзо вози со колата накај куќата на баба, ниту да носи конус на главата наместо капа кога врне снег, ниту да преспие за 14-от роденден во дискотека.

Прашање: Зошто ти мамо не си кул мајка?

 

Мајка сезнајка

Оваа мајка настојува да биде портпарол на секого и на секоја организација со која е поврзано нејзиното дете, вклучувајќи училишта, спортски екипи и граѓански организации. Во нејзината света должност е вклучена заштита од скандали, известување за кадровски промени и тековни поплаки и горда е на нејзината мрежа на извори на високи позиции. Додека разговарате со неа имате чувство дека таа ги знае оценките на вашето дете, неговото поведение и изостаноци, пред да добиете СМС од Министерството за образование и секако, вашиот кредитен рејтинг и тековен долг во банката.

 

Безгрешна мајка

Благословена и непорочна мајка, низ чии вкусни, сочни и сјајни усни не поминал ниту еден груб, тежок збор. Кога вие и другите незадоволни мајки на родителската средба ќе се жалите од професорот по италијански, таа ќе рече “Можеби господинот имал лош ден.” WTF? Ништо не може да ви предизвика поголем гнев од безгрешната мајка. Сте биле присутни на нејзината реакција со насмевка и убав збор, на суровоста на учителката која ги турка децата да излезат од училница. Како го прави тоа?  Тоа е вознемирувачки. Се надевате дека еден ден ќе експлодира од нервоза како темпирана бомба и дека вие ќе бидете таму со камерата за да го снимате тоа во high-definition.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Искрено писмо до мајката во црвениот капут
Блогерката Unmumsy Mum го напиша овој прекрасен пост за да им докаже на другите родители дека не ги осудува заради лошот...
3
KidzOmegaTM
KidzOMEGA е одличен извор на OMEGA 3 масни киселини EPA I DHA, со прекрасен вкус на портокал во кој ќе уживаат децата. ...
2
Алергија на мобилен телефон?
Американските експерти откриле дека долгото држење на мобилните телефони може да предизвика алергиска реакција на никел.
2
Нова епизода на „Кој кого расте“
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водител е Зорица Црношија вонедела на 07.04.2013 во 10.20 ...
2




Анкета

bebus
nadezda

koe ime e poubavo

anabela (50%)

anamarija (50%)


Број на сите гласови: 121

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!