|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Мајката има широки крилја… Немојте да и ги сечете!

Редакција Рингераја, 1.11.2017
Сите вие кои не пропуштате прилика да и кажете дека не е добра мајка, вие кои не бирате зборови и што ја обвинувате за се…
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави



И ти што превртуваш очи кога нејзиното дете се однесува онака, како што тебе не ти одговара…

Ти што под око ја гледаш кога во паркот го дои своето дете, затоа што било срамота да се дои во јавност…

Особено ти, кој без срам секогаш и кажуваш колку се поправила и дека треба малку да ослабне, бидејќи поминало доволно време после породувањето. А доколку премногу се среди или многу брзо ослабела, кажуваш дека би можела малку повеќе да се посвети на своето дете, наместо да мисли само на себе.

И ти што пишуваш или кажуваш за тоа дека е таа виновна ако го кара или ако недоволно го кара своето дете. Премногу била попустлива. Или пак, премногу строга.

Ти што божем се грижиш дека детето е премногу или премалку облечено, дека детето е пречисто или валкано.

И сите вие кои мислите дека сте подобри или би биле подобри, а всушност никогаш не сте направиле ни мал чекор во нејзините чевли.

Па и ти која си исто така мајка, а мислиш дека си подобра од неа и си земаш за право да и го плеснеш тоа во лице.

И ти, која и го убиваш достоинството на секој можен начин и и се потсмеваш. Вие лицемерните кои сакате да гледате деца, а не ви е гајле за тоа како живеат нивните мајки.

А и вие новинарите и медиумите кои пишувате статии во кои одѕвонува ”виновна си”.
Вие кои пласирате згодни јавни личности кои ден после породување изгледаат совршено и исфотошопирано.

Ах, да… И вие стручњаците кои ако сте имале макар еден ден пракса, би знаеле дека за родителството е најлесно да се зборува.

А на сето ова, и ти… кој случајно поминуваш, ти кој мислиш дека тоа би го сторил подобро, па и ти која си поминала низ истото.

Зошто ве интересира кога родила, колку деца родила, како ги родила и со кого?

Зошто ви е гајле кој и го чува детето, дали денес пуштила машина за перење алишта, дали ги испеглала алиштата, дали направила торта за роденденот на своето дете или само ја купила?

Можеби не знае да готви, можеби и покрај сиот труд и поминати часови во кујната едноставно резултатот не е вкусен и не изгледа убаво… Можеби одлучила на тој ден да му посвети повеќе внимание на детето, отколку да го помине денот во кујна, кога детето на крај секако ќе се израдува затоа што роденденска торта ЌЕ ИМА.

Можеби детето од многу мало е запишано во градинка, бидејќи таа мора да работи за да го нахрани.

А можеби навечер, кога ти не гледаш, таа му пее најубави приспивни песнички, го прегрнува своето дете и го сака бескрајно иако не е најдобрата мајка на светот, според твојата проценка.


Извор: bebac.com

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Опасности што се кријат во базените
Летото е време за одмор, освежување и забава покрај базен, но зад кристално чистата вода често се кријат невидливи опасн...
3
Четири најздрави намирници за децата
Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување ...
3
Љубомора поради новиот член
По некои истражувања идеална разлика меѓу две деца е 4 или 5 години. Постарото дете веќе не е толку љубоморно, па затоа ...
3
1, 2, 3 деца. Kако расте мајчинството?
Секое дете носи нова љубов, но и нова динамика во семејството.
3




Анкета

Ve molam za sovet
zbuneta1

Brenena sum 4 meseci potocno 16 nedela ,ne abortiran na vreme zosto mi kaza deka ke bideme zaedno i na krajme ostavi sama.Pomoglete mi sto da pravam da go zadrzam ili da abortiram zosto i samata neznam sto bi bilo ispravno ?

da go zadrzam (88%)

ili ne (12%)


Број на сите гласови: 285

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!