Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Кога Јолина почна да се породува, по поминати шест недели во кома, докторите ја донесоа на свет Маја со царски рез. Бебето беше во тешка состојба. Маја беше ставена во инкубатор и нејзината состојба беше претпазливо следена.
28 годишната Јолина е медицинска сестра во итна помош, која имала добро здравје во бременоста, пред да почувствува силна главоболка, додека работела дома. Му плачела на сопругот, пред да се онесвести. Била пренесена итно во болница, а докторите шокирани откриле дека има крварење во мозокот и дека итно треба да биде пренесена на операција во Саутемптон.
Крварењето ја ставило Јолина во кома.
По операцијата Јолина била стабилна, но се уште во кома. На докторите им биле познати само три жени во историјата на медицината кои се породиле додека биле во кома.
Седум недели по раѓањето на Маја, Јолина почнала да покажува знаци на будење. Иако не можела да зборува, со гестикулации на сестрите им побарала да го види бебето.
Докторите рекле дека рехабилитацијата на Јолина била брилијантна, таа научила да оди и да зборува.
Сега вози кола и го одгледува детето сама, иако се уште има мускулна слабост на левата страна од телото. Иако не се сеќава на породувањето, таа се труди на својата ќерка да и пружи услови за убав и комотен живот.
49
5
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствува...
Зошто градите стануваат чувствителни во бременоста?
Чувствителните, отечени или болни гради се меѓу најраните знаци на бре...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...