|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Lara2224: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 16.7.2012
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: Lara2224

Датум на породување:

Тип на породување: природно

Болница: ГАК 

 

Цел осми месец мислев дека ќе се породам на 12 јули.... големко бебе, јас спремна ко пушка, надвор топло не се дише - 48 степени на асфалт, завршив успешна кампања на работа, земав одмор, се вратив и мислев еве готово спремна сум, ајде. Е нема ајде! Не кога ти ке сакаш мамо, јас кога ќе сакам, моето мало бебе ме зеза уште од стомак. Ме зезаше и порано во бременоста, ама бевме позитивни и сталожени и си поминавме во главно убаво.
Помина 12, и 13-ти и 14-ти....мене терминот 27-ми, ама си велам сите викаат порано ќе биде, па јас за порано си се подготвив... Дојде 22-ри. Јас одам на редовно ЦТГ навечер, зашто е претопло преку ден а и не сум баш некој љубител на гужви.
Ооооо па ти имаш болки! 
Не не не... чекај... нели треба јас да ги чувствувам тие болки? Немам болки сакам да си одам!
Девојко! Имаш болки, ЦТГ-то не лаже, од 70 до 100 покажува. Чекај ќе те ставам на другото..... Да, да, ти имаш болки!
Е добро викам, ајде да одам да се истуширам, да си ја земам торбицата која ми е спремна уште од 12-ти, се зезам, викам ќе одам до диско да поскокам малку и таман сабајле ќе дојдам.
Ех проклетијата на тоа да познаваш некој во болница.... Не Лара, ќе останеш сега, сигурно вечерва ќе се пораѓаш... маж ми и свекрва ми со мене, и тие велат ќе останеш.... Посигурно е докторите кога се околу тебе. Повели спаваќа, соблекувај се под неа...
Е добро велам. Тогаш пријатно, одам јас со мојата спаваќа да чекам да се породам, вие викате ќе се породувам, вие викате имам болки, вие викате попаметно ќе ми биде да си седам. Петок навечер е, а јас сум во болница, и тоа не било каде туку во ВИП-от, на ГАК на патолошка!
ЦТГ-то вика имам болки, а не се отворам, одвај еден прст, па спазмекс за опуштање....Лека ноќ!
Прва ноќ во болница, ни болки ни ѓаволи, само еден куп колешки по бременост од цела Македонија. Сите доктори на годишен одмор, се живо, цела источна Македонија е во Скопје, на ГАК. Кревети (по осум во секоја од двете соби) се празнат се полнат, жени се менуваат, се породуваат. Само јас си шеткам, не можам да спијам пеколно е топло а на една од колешките, со привилегија да лежи до прозор, ја бие промаја па го затвора... Остануваат седум да дишат во 5 квадрати соба, јас сум надвор, ми треба воздух... Се раздени, успеав да дремнам еден саат, утрински прегледи... кај мене смирени болките, не се отворам. Сакам да си одам дома, ама не отпуштаат за викенд! Молам?!? Аааааа! Сакам дома! За прв пат во текот на цела бременост ми падна духот. За прв пат пуштив солза, а имаше многу проблеми претходно кои со дигната глава ги пребродивме! Тешко ми е на душава... нема да се породам а ќе седам тука до понеделник. Се изнагледав жени со лоши приказни и искуства - нели лежам на патолошка... Ако тоа не ти го падне духот не знам што. Се менуваат цимерки а јас со уште две со ризична бременост сме на викенд на патолошка! Во меѓувреме падна мукозниот чеп но ништо друго... Така е до недела вечер, маж ми плаче заедно со мене, тешко му е да ме гледа во болница а здрава, знае дека згрешивме што сум тука, а и тој кутриот по цел ден со мене....
Конечно се насмевнувам, утре е понеделник, Адамова е на смена! Таа сосе партали ќе ме избрка дома ако не сум за тука, конечно ќе се одморам под клима... Хах.... почнуваат слаби болки вечерта... никому ништо не кажувам, сигурно се лажни, од возбуда дека ќе си одам дома. ЦТГ-то сега повторно детектира болки, ама јас ги испраќам сите дома (доволно луѓе ме посетуваа и фала им зашто ме одржаа да не полудам) им велам утре рано сабајле да ме земете од тука. Лека ноќ! Утрински преглед, јас сум отворена два прсти и уште си имам така болки ама молчам, сакам дома, бар на неколку саати! Е нема, почекај го прегледот во 12 часот па ќе видиме. Осум е, ќе збеснам до 12. Интересна идеја, болницава има четири спрата... колку пати можам да се качам и да се симнам со овој стомак? Многу! Цел час горе долу, кафе со маж ми и пак горе долу, во 12 на преглед, болки на ЦТГ, сеуште едвај три прсти отворена, чекај да видам вика докторката и одеднаш мојата вода (плодова) се наоѓа на фустанчето на докторката, на боксот, по сестрите... Упс! Ме гледаат сите чекаат да паничам, а јас ги прашувам а дома ќе си одам или ќе се породувам сега? Остануваш... е добро тогаш јас пак по скали.... до 4 веќе болките беа вистински... Јас три прсти отворена и за жива глава не сака повеќе... Во 5 едвај уште малку се отварам.. не се проблем болките, ќе издржам, не е проблем секој преглед кога секој кој стигне става рака вика рано е, ама никако не можам да лежам на грб, да издржам ЦТГ... а ЦТГ-то вика мала тахикардија на бебето, спремете ја за царски! Втората солза. Зошто царски? Сакам да си го родам бебето, да бидам свесна... Ме преместуваат горе а таму пак преглед, пак ЦТГ, клизма и едно чудо жени што се дерат. Јас не викам, мирна сум, докторите рекоа да си ја чувам силата, а и не сакам да го паничам бебето. ЦТГ-то сега вика добро е, ќе го одложиме уште малку царскиот сега е добро, може нема ни да треба. Пресреќна сум! Со секоја болка сум се посреќна зашто знам колку е блиску... Како низ сон дојде 8 часот, две минути имам болки две минути сум во бесознание. Колешката вика те молам викни доктор ова излегува... се влечам до канцеларија кај докторите, викам колешкава е готова... едвај ја однесоа до бокс, јас се враќам во соба кога истото ми се случува и мене, бебето почна да излегува. Уф... одам сама до кај докторите... 08:30/35 едвај се качувам на бокс. Слушам што ми кажуваат, мирна сум, не викам. Четири полни боксови, плус една на царски а еден доктор... Хм... јас сум мирна. Гледав жени кои се породуваат сами дома. Не е страшно, сепак бабицата е тука. Ја слушам... ме држи за рака милата. Вика време е ајде сега дај ја цела сила.... Моето мило го гушнав во 8:40. Колку сум среќна! Не можам да им поверувам на очите, моето мало е тука до мене, ми спласнал стомакот.. Не сонувам ова мало е навистина тука, живо и здраво! Не плаче, само кива, многу кива... Си отидовме од таму во апартман... само ние двајца... цел ден имавме да се запознаваме да си лежиме да се гледаме... следниот ден, во среда, не пуштија дома....
Скоро ќе полни една година, а јас уште понекогаш си мислам дека сонувам. Го сакам ова мало суштество со секоја клетка од моето тело, со цела душа!
Секој ден со него ми е посебен, секој ден знае да ме исцрпи до последна капка сила и да ми го наполни срцето со љубов!
ТЕ САКАМ МИЛО МОЕ!
 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

5 оброци кои трудниците треба да ги консум...
Многу од жените мислат дека кога ќе бидат бремени можат да јадат се што ќе посакаат. После сe, јадете за двајца, така? З...
4
Нема компромис со високиот крвен притисок
Покачениот крвен притисок е кога истиот е со вредност од 140/90 мм Хг или над тие вредности, а за пациенти над 65 години...
4
Породилното ќе трае 12 месеци!
Пратениците ја прифатија иницијативата на граѓани за промена на Законот за работни односи, според која породилното болед...
4
Дали покачениот холестерол е нормален во б...
Зголемениот холестерол за време на бременоста е многу важен за здравјето на мајката и бебето. Сепак, експертите објаснув...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali obozavte da jadete palacinki ?

Da (83%)

Ne (0%)

Ponekogas (17%)


Број на сите гласови: 12

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!