Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Ме уверуваа дека тоа е најубавото нешто на светот и дека таа случка е нешто што досега не сум го доживеал и почувствувал. Ми рекоа да не се грижам и дека се ќе биде во ред. Ана и јас слушавме разни приказни и исповеди на трудници, мајки, жени. Не' интересираше се', а јас сакав да знам што ја чека Ана и што се' можам да направам за да и помогнам. Мислев дека знам се, но не знаев ништо.
ОК, признавам, емотивец сум и сум плачел на неколку сцени од цртани филмови како дете. Но тие солзи некако доаѓаат брзо и кратко траат, а цртаниот филм го забораваш – до повторното гледање и повторното сушење на очите. И моите родители се емотивни, а јас сум нивна копија и му благодарам на Бога за тоа.
Но зошто е важно дали сум емотивен или не и кои се моите мајка и татко? Па важно е, бидејќи и тие го доживеале ова што јас сега го почнувам.
И само да знаете, ова не е напис наменет за младите родители за да знаат што и како, тоа никако не би се осудил да го направам. Ова е само едно големо фала на Ана, таа е љубовта на мојот живот, а јас, иако знаев што е храброст, новата лекција ја научив од неа во саботата, на 26.09.2015. Тоа беше најстрашниот, преполн со исчекувања и најсреќниот ден во мојот живот и таа ја имаше главната улога. Целиот филм наместо завршна шпица, нас ни подари ќерка. Корина е новиот дел од моето срце, копија од мене и Ана и наше мало чудо.
И секако, јас знам дека и вие го сакате вашето дете. Знам дека не сум единствен кој сака најсилно што тоа на моменти е неиздржливо и не се опишува со зборови. Само јас сакав да го кажам тоа на глас, бидејќи ми е драго што и јас станав дел од тој тим.
На сите жени кои имаат дете или се обидуваат да зачнат им порачувам дека ги почитувам, разбирам и слушам. А на мојата мајка имам да и кажам нешто: “Ти се восхитувам и го молам Бога да бидам како тебе и како тато, бидејќи само тогаш ќе знам дека сум на вистинскиот пат. Ти благодарам што и покрај неиздржливата болка, си издржала до крај и си ме донела на овој свет. Бидејќи овој свет не е богатство, богатство сте вие кои сте ми подариле живот и кои низ љубов сте ги создале моите прекрасни сестри и мене. И простете ми за секој неубав збор, бидејќи не мислев ништо од тоа, секогаш ве сакав најсилно и тоа нема ништо да го промени.”
И ако понекогаш ви биде страв, само затворете ги очите и во себеси тивко речете си: “Мојот избор се љубовта и верата”.
Ана и Корина овој викенд ми се враќаат од болница. Овие денови без нив ми стануваат неподносливи. Но трпелив сум бидејќи никогаш не добивам се наеднаш, но секогаш добивам се. Тоа е мојата животна приказна која сум ја прифатил и која не би ја менувал за ништо. Ана и Корина ги посетувам секој ден. На Корина вчера и го шепнав на уво најцврстото ветување: “Секогаш ќе те држам за тоа прекрасно раче и ќе бидам твој супер-херој и заштитник, ветувам. Најважна си, сакана си, прекрасна наша ќеркичке!”
Не знаев, но сега знам. И после 9 месеци грижа, страв, радост, љубов и солзи, ќе ви го кажам уште само ова: Тој момент во потполност ја отстрани секоја моја грижа и на лицето ми ја стави најголемата насмевка, а мојот живот доби поинакво значење. Ана е мојата хероина, засекогаш, а Корина ме научи дека е тотално фер да се биде заљубен во две девојки истовремено.
Бакнежи од нас тројцата
Ана, Корина и Кико
4
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Анксиозност поврзана со хормони: што помага?
Хормоналните промени можат значително да влијаат врз расположението, м...
Граници, заштитна мрежа на женското ментално здравје
Жените често се учат да бидат полни со разбирање, достапни и силни и с...
Што навистина НЕ ви треба за бебето?
Пред доаѓањето на бебето, листите со „мора да имаш“ изгледаат бескрајн...
Што е плодност и како функционира телото?
Плодноста е способноста на човекот да создаде потомство. Кај жените, т...
Работи што би сакала да ги знаев пред породување
Породувањето е едно од најмоќните и најинтензивните искуства во живото...