namesp во 10:12
Децата плачат, а во кујната како да паднала бомба
Constance Hall, 29.1.2016
Не ми се допаѓа поимот постпородилна депресија. Е па да се родат и одгледуваат деца е депресивно и тоа не не нешто што ќе во видите на фотографиите објавени на facebook, каде вашиот сопруг го бања бебето и сите се среќни и задоволни.
Реалноста е дека сите четири ѕида во кои сте затворени со расплаканите деца, пополека почнуваат да се стеснуваат и се помалку има место за пријателите, кои полека исчезнуваат од вашиот живот, а на мажот, за кој мислевте дека е феноменален, се повеќе му замерувате што не е во вашата кожа.
Нека преземат и другите одговорност за децата
Ставете ја на себе најубавата маица, шалот или пончото кое обожававте да го носите додека немавте деца. Направете го тоа кога работите ќе бидат толку лоши што повеќе не сте во состојба да излезете на крај со обврските кон децата. Пред се, добро проверете дали децата се добро, дека никој не се искакал, измочкал, дека никој не може да се удави во малото базентче, дека сите се на сигурно и топло. Потоа направете селфи во таа маица, за која вашите родители знаат дека сигнализира дека повеќе не можете. Испратете им ја таа слика и веднаш нека дојдат да преземат се.
Кога помошта ќе пристигне, едноставно исклучете се. Игнорирајте го вриштењето на децата, нека плачат колку сакаат, ништо нема да им биде.
Јас знам да гледам во ѕидот еден час додека некој друг менува пелени и го чисти нередот во куќата. Да, ќе има такви кои ќе ве прогласат за луда, но и јас и вие знаеме дека тоа е само начин да вдишете малку свеж воздух, да одделите еден момент за вас, пред повторно да се вратите кај децата.
Да излезете и да се дружите е еднакво важно како и да се храните правилно и да настојувате да спиете доволно за да имате сила да одработите уште еден ден со децата.
Дружете се и излегувајте, иако тоа ви се чини како невозможна мисија
Тешко е нешто да ве покрене. Ви се чини полесно да останете во пижами и да се излежувате на каучот. Но така ќе полудите, верувајте ми. Притоа немојте да се залажувате. Facebook не е никакво дружење со луѓето. Facebook е само прозорец во туѓите “совршени” животи и показател како во вашиот живот се е за никаде. Контактот лице во лице има терапевтски учинок, поготово ако тоа е со жени кои поминале низ истото. Дружењето со нив ќе ви пружи утеха и разбирање, заради тоа имајте го како приоритет.
Прифатете дека мажите во првите неколку месеци се бескорисни
Што се однесува до мажите, Hall го зборува она што го знае секоја жена која родила. Во почетокот, кога новороденчето е потполно независно од мајката, мажите се потполно бескорисни. Фрустрира, но така е.
Таа нагласува дека мажите се активираат откако детето ќе наполни две години. Некои се толку добри во улогата, што потполно ја преземаат грижата за детето – хранење, учење, вежбање, играње, пресоблекување.
Затоа, ако од вашиот маж не очекувате ништо во првите две години, постпородилната депресија ќе се намали на минимум.
Не одете во клубови на мајки, тоа не се нормални жени
Не се впуштајте во заедничко дружење со други мајки и нивните деца. Сето тоа е еден голем натпревар која подолго доела, која има почист стан, чие дете прво проодело, прво научило да врши нужда во нокшир.
Вистинската пријателка ќе ја препознаете по тоа што со вас ќе се натпреварува која ќе издржи повеќе со неизмиена коса, која најдолго немала секс и се тоа со чаша вино, додека доите.
Децата плачат, алиштата не се испрани, во кујната како да паднала бомба
Најважно е да се остане нормален. Ако сте го нахраниле бнебето, сте го пресоблекле, суво е, па и понатаму плаче бидејќи не сте го нишале и не сте го шетале горе-долу во собата. Ставете го детето во креветче и одете да се истуширате. Нека плаче. Неиспраните алишта, садови, валканата кујна и тоа што мисли вашиот маж за вас, не е поважно од шоља кафе и прошетка со пријателката на чист воздух.
Constance Hall
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Научете како да ги препознаете првите знаци на расипување на меленото месо и дознајте како да го чувате и подготвувате

Штотуку родената ќерка на Бијонсе и Џеј Зи, малата Blue Ivy Carter нема ни една недела откако се роди, но веќе прави муз...

Јас се држам до правилото дека треба "лажичката да заигра" односно што почесто да имаме готвен и течен оброк дома. Мат...

KidzOMEGA е одличен извор на OMEGA 3 масни киселини EPA I DHA, со прекрасен вкус на портокал во кој ќе уживаат децата. ...
