Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Како дојдов на овој свет (прв дел)
Продолжение:
Колкови
Од струкот надолу телото се шири, за да има доволно место за бебето, но за тоа потоа. Погледни уште малку подолу, меѓу нозете. И мажите и жените тука имаат влакненца, како крзно. (Не грижи се, кога ќе пораснеш ќе имаш и ти)
Пенис
Важно е да забележиш дека на мажите нешто им виси меѓу нозете, додека жените го немаат тоа. Сите момчиња имаат исто и на сите тоа нешто ќе им порасне, кога ќе пораснат. Баш како и дојките и овој дел од телото има многу различни имиња. Но вистинското име му е пенис (Како Тенис но со П). Ете тоа го имаат мажите.
Вагина
А што има жената меѓу нозете? Има мал отвор кој се вика вагина ( и се римува со Георгина). Добро, не брзаме, кога ќе ги запомниш овие два називи (пенис и вагина) можеме да преминеме на правење бебиња.
Почеток на бебето
Вака се случува. Да речиме дека мажот и жената заедно лежат во кревет (Овој дел од приказната најчесто се случува во кревет, бидејќи креветот е удобен и пријатен.) Мажот ја сака жената. Затоа и ќе ја бакне. И таа него ќе го бакне. Потоа силно ќе се гушнат, а по извесно време пенисот ќе стане тврд и цврст и многу поголем од обично. Тој расте затоа што го чека многу работа. И сега мажот ќе посака да биде што поблиску до жената бидејќи многу ја сака. А најдобар начин да и се приближи најмногу е да легне на неа и да го стави својот пенис во нејзината вагина (луѓето вака се најблиску еден до друг)
Водење љубов
Ова е најубавото чувство за двајцата, и за мажот и за жената. Тој сака да е во неа, а и таа сака тој да е во неа. И така се води љубов, бидејќи се' почнува од љубовта која мажот и жената ја чувствуваат еден кон друг. Многу е тешко да се опише тоа чувство, но ако можеш да замислиш нежно скокоткање во стомакот, кое пополека се шири на сите страни, водењето љубов е нешто слично. И како што знаеш, секогаш кога нешто ќе те скокотка, по малку ќе мрдаш. Исто се случува и овде. Само што ова е посебен вид на возбуда. Знаеш како, како кога ќе се почешаш таму каде многу те чеша, само што ова е уште поубаво. Обично почнува полека, па станува се побрзо и побрзо, бидејќи и скокоткањето станува се појако.
Зошто скокоткањето престанува?
Веројатно ќе помислиш: кога се е толку убаво, зошто луѓето не го прават тоа постојано? Од две причини: Прво, тоа е прилично напорно, позаморно од напорното играње фудбал, трчање, скокање со јаже, качување по дрво, или било што друго. Без оглед колку е убаво, тоа не можеш да го правиш по цел ден. Друга причина е тоа што се случува нешто чудесно и преубаво, што го запира скокоткањето, а истовремено зачнува бебе.
Кога мажот и жената толку силно ќе се возбудат, да помислиш дека ќе експлодираат, се' се завршува со силно треперење на нивните тела. (И ова чувство е тешко да се опише. Но знаеш како е кога нешто долго ќе те скокотка во носот, а од тоа силно и убаво ќе кивнеш? Е па така!) Во тој момент млаз на густа и леплива течност од врвот на пенисот се излева во вагината. Ете, верувале или не, од таа течност сме настанале сите ние, па дури и ти...
Извадок од книгата на Питер Мејл “Како дојдов на овој свет”
Превод и адаптација: Барбара
Сакаш да дознаеш како дојде на овој свет и како сето тоа се случува?! Биди со Рингераја и следната среда и многу работи ќе ти станат појасни.
До следното читање...
забава Бремените
Автор: bobik
Да замислиме за миг, како изгледа еден обичен ден на човек што ја рабо...
Антисептик или сапун? Што е побезбедно за детски раце?
Чистите раце се првата линија на одбрана од вируси и бактерии, па роди...
Во светот на здравствените состојби што подмолно се развиваат без очиг...
Не прескокнувајте го стартот, телото памети
Без разлика дали сте почетник во вежбањето или редовен љубител на фитн...
Животот низ очите на сонувачот
Денес зборуваме за оние кои сонуваат, не само додека спијат, туку и до...