namesp во 10:12
Како да уживате со детето на снегот?
Редакција Рингераја, 31.1.2012
Снежната идила посебно ги воодушевува најмладите, а и на постарите им е тешко да и одолеат. Снегот е тука и сега е време да се потсетите на забавните игри кои ги игравте додека бевте деца, додека сте топло завиткани во дебелите јакни, капите, шаловите и ракавиците.
И стручњаците им советуваат на родителите да поминуваат време со децата во забавни игри на снегот, кои внесуваат многу радост и смеа, посебно на најмладите. Многу родители се плашат дека децата можат да се повредат во игрите на снег, затоа е исклучително важно родителите да бидат со нив во текот на играта.
Снешко белчо
Снешкото ќе го израдува Вашето дете, а можете да го правите и кога детето е многу мало. Ќе ужива дури и ако Ве гледа низ прозорецот, додека го создавате чудниот снежен човек. Кога малку ќе порасне едвај ќе чека и самото да направи снешко. Ако сте заборавиле како се прави, еве кратко упатство. Најпрво направете мала топка снег која ќе ја тркалате додека не стане голема и ќе ја донесете на местото каде сакате снешкото да стои. Сега направете уште две помали топки и ставете ги една над друга. За очи ставете камчиња или жарчиња од огнот, нос од морков или пиперка и уста од гранчиња. На главата ставете му лонец, а раце направете му од гранки или стара метла.
Фигури од снег
Не морате секогаш да правите снешко. Обидете се да направите и нешто друго, малку покомплицирано, со Вашето дете. Оставете го детето да Ви предложи што да биде тоа.
Направете материјал исто како за снешко, со тркалање на големи и мали топки снег. Спојувајте ги така што ќе направите облик од саканата фигура, а потоа со рацете обликувајте ги. Ако знаете дека снегот ќе потрае неколку дена, не брзајте, бидејќи интересот на детето ќе трае подолго.
Слики во снегот
Кога прв пат ќе излезете на снег, Вашето дете сигурно ќе биде изненадено од трагите кои остануваат зад него, кога поминува низ снегот. Научете го да прави слики во снегот. За сликите да бидат што поубаво, треба да ги направите во снежна површина која никој не ја газел. Покажете му како се прават слики во снегот, а потоа помогнете му безбедно да се спушти на снегот. Предуслов оваа игра е да се облечете во облека која не пропушта вода.
Тепање со снежни топки
Тепањето со снежни топки е првата игра на снег, на која ќе го научите своето дете. Веднаш објаснете му како се прават снежни топки и дека не треба да фрла со камења и парчиња мраз, туку со снег. Децата можат да се поделат во две екипи и да се тепаат со снежни топки меѓусебно. Многу е важно да се сите на иста возраст и да не се повредуваат едни со други, а исто така и да бидат на безбедна раздалеченост. Ако процените дека таквата игра е ризична, посебно ако Вашето дете е сеуште мало, тогаш изберете дрво или ѕид во кое детето може да гаѓа без опасност да повреди некого, или да се повреди себеси.
Уште нешто
Зошто да не цртате на снегот, како што цртате на песокот? Исто така можете да сокриете некој предмет во снегот, а потоа да одите во лов на скриеното богатство. Оваа игра им е посебно интересна на децата и тие можат бескрајно да уживаат во неа.
По престојот на снег затоплете се дома со топол чај.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Кај повеќето родители овој симптом предизвикува страв и итна посета на педијатар. Прво треба да се препознаат ситуациите...

Креативното размислување е важен дел од нашиот живот, потребно ни е во училиште, на работа и во слободните активности

Нова игра на подароци на Рингераја.мк, во соработка со Mama's! Вклучете се и Вие во Креативното катче на Mama's и добијт...

Ние живееме на село, во многу стара куќа без непотребен конфор или телевизија. Нашиот двор со шума од бамбуси и природно...
