|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Како да ги заштитите децата од комарци?

Редакција Рингераја, 9.7.2015
Комарците прават убоди и цицаат крв, а на местото на убодот вбризгуваат плунка која содржи супстанца која го спречува згрутчувањето на крвта, а и ја надразнува кожата. Како да ги заштитите децата од комарци?
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Комарците се прилагодуваат на секоја клима, но најмногу им одговараат подрачја со многу влага и зеленило. Комарците ги привлекува светлото и топлината навечер, а најмногу ја напаѓаат тенката и топла кожа на децата. Затоа пред се треба да поставите заштитна мрежа на прозорците.

 

Што ги привлекува комарците?

Влага – дури и мала количина влага како пот на телото ги привлекува комарците.

Темна облека и темни листови – избегнувајте облека со темна боја и не се сместувајте во близина на дрвја кои имаат темни листови.

Цветни и овошни мириси

Млечна киселина – после конзумирање на одредени намирници како солена храна, нашето тело ослободува млечна киселина која е магнет за комарци.

Јаглерод диоксид – нашето тело го испушта кога ни е топло, а оганот и светлото се уште еден извор на јаглерод диоксид.

Ладна температура на телото – како ладни раци и нозе.

 

Што ги одбива комарците?

Специјализирани производи - Постојат повеќе козметички производи кои спречуваат убод од комарци, па одберете ги оние кои не им штетат на децата.

Ветер - кога сте во природа одберете отворено место каде има малку ветер, затоа што ветерот ќе го преполови бројот на комарците кои ве напаѓаат.

Светла облека – детето облечете го во светла боја.

Маслиново масло – водата ги привлекува инсектите и заради тоа највеќе ги има во близина на вода. На сите места кои задржуваат вода налејте малку маслиново масло со цел да ги избркате комарците.

Етерични масла – прашајте во најблиската аптека кои етерични масла ги одбиваат комарците, а воедно не се штетни за бебето.

 

Помош после убод:

  • Навлажнете го прстот и местото на убодот со неколку зрнца кујнска сол.

  • Втријте малку сапун за деца директно на убодот.

  • Изладете го местото на убодот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Необични знаци дека имате надарено дете
Тие се разликуваат од останатите деца во тоа дека од рана возраст пројавуваат интерес кон науката, уметноста, покажуваат...
6
Родители ВНИМАНИЕ - ТИКТОК мрежата може да...
Кој е најголемиот проблем со Тикток и што треба да направиме ние, како родители, за тоа?
6
Бојадисување на јајца со природни бои
Материјалите со кои во минатото се бојадисувале Велигденските јајца, се разликуваат од оние кои ние денес ги користиме. ...
5
Фото: Каква мајка е Бијонсе?
Секоја мајка се труди да биде најдобра за своето дете. Тоа го прават и славните мајки, кои градат кариера и одгледуваат ...
5




Анкета

Dali?
Jana9

Dali ako imate potreba bi napravile plasticna operacija?

Da (25%)

Ne (75%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!