vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Тие се концентрирани
Малите деца се многу љубопитни, но го задржуваат вниманието на нешто за кратко. Децата кои се надарени можат да бидат концентрирани подолго од останатите. Дури и некои бебиња уште од 6-тиот месец почнуваат да разгледуваат детски книги, исто препознаваат некои песнички.
Можат да си играат сами
Надареното дете може да си игра само и не секогаш има потреба од тоа да има до него возрасен, или други деца. Тоа се забавува со книги, играчки, сака да црта, поставува многу прашања и сака да раскажува свои приказни.
Многу од надарените деца се интровертни, но во тоа нема ништо лошо. Тоа не значи дека не можат да се вклопат во играта со други деца.
Решаваат проблеми
Ќе препознаете дали вашето дете е надарено, ако тоа не се откажува во тешки моменти, а наместо тоа наоѓа решенија. Овој тип деца се карактеризираат со необјаснива мудрост за годините.
Тие сакаат да размислуваат, да ги советуваат родителите, дури се нивна поддршка во тешки моменти. А ние возрасните секогаш се воодушевуваме од овие мали суштества.
Пројавуваат емпатија
Надарените деца успеваат да изградат интензивни емоционални врски со луѓето кои ги опкружуваат и ги разбираат емоциите на другите. Тие се сочувствителни. Уште додека се сосема мали се случува да плачат заедно со своите другарчиња ако тие се вознемирени, понекогаш покажуваат дека ги доживуваат и истите физички болести или моментални болки како нив. Со текот на времето се учат како да ги смират, да им дадат своја поддршка.
Тие се перфекционисти
Надарените деца често се перфекционисти, па ако работите не изгледаат така како што тие планирале, ќе се разочараат. Затоа треба да се поттикнуваат и охрабруваат, да им се покажува како да наоѓаат повеќе од едно решение, да бидат поддржани дури во најхрабрите соништа, кои за возрасните изгледаат нереални.
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто е важно да влезете во бременоста со здрава тежина
Тежината пред бременоста може да влијае врз плодноста, текот на бремен...
Новороденчињата поминуваат голем дел од денот во сон, но нивниот ритам...
Преминот од пелени кон нокшир е важен чекор во развојот на детето. ...
Причини за вагинална сувост во бременоста
Бременоста носи бројни хормонални промени што влијаат врз целото тело,...
Природни начини за ублажување на настинка и грип
Топлите напивки, одморот и доволниот внес на течности можат да помогна...