Boki77 во 10:13
на тема RE: ПХД Биопирамида
Од 07.10 - 13.10.2013 година во нашата држава се одбележува неделата на детето. Децата од училиштата и градинките се запознаваат со нивните права. Тие се исти за секое дете во целиот свет и не смеат да се забрануваат или на било каков начин попречуваат.
Рингераја како пријател на децата, активно се вклучува во одбележување на детската недела со ставање акцент врз почитувањето на правата на детето.
Ајде заедно да ја одбележиме Детската недела!
Прочитајте му ги на детето неговите права и предложете му да нацрта цртеж со кој ќе опише како ги разбира своите права. Творбата на Вашето дете испратете ја на glaven.urednik@ringeraja.mk
Ние ќе Ви посветиме посебна страница за промоција на творбата на Вашето дете.
Повикајте ги Вашите пријатели да ја промовираат творбата на Вашето дете со едноставен клик на копчето Like.
Сите деца кои ќе испратат цртеж ќе добијат пофалница, а детето чиј цртеж ќе биде избран добива диплома од Рингераја.мк, која ќе можете да ја симнете од нашата страна.
Да ја избереме најдобрата творба!
Права на детето
1. Конвенцијата на ОН за правата на детето се однесува на деца и млади до 18 години, ширум светот.
2. Семејството е многу значајно за развојот и доброто на детето.
3. Твоите родители ја имаат првичната одговорност за твоето воспитување и твојата безбедност.
4. Владата ја има одговорноста да стори се што може да обезбеди почитување на правата на детето.
5. Владата исто така им помага на другите држави да се постигне почитување на Конвенцијата за правата на детето.
6. Секое дете има право на име и националност.
7. Сите деца се еднакво вредни како луѓе.
8. Не смеете да бидете дискриминирани поради изгледот, боја на кожата, полот, јазикот, верата, Вашите мислења, итн.
9. Оние коишто одлучуваат за нештата што влијаат на децата, треба пред се да ги имаат на ум интересите и доброто на децата.
10. Сите деца го имаат правото да го изразат своето мислење. Вашите мислења мора да бидат почитувани при донесување на сите одлуки што се однесуваат на Вас - дома или на училиште - а ги донесуваат властите или судовите.
11. Сите деца го имаат правото да одат на училиште и да научат се што е важно, како на пример дека човековите права треба да се почитуваат, дека истото важи и за други култури.
12. Важно е децата да ги развиваат свиоте таленти, и да бидат охрабрувани на училиште.
13. Кога сте болни, имате право на помош и на грижа што Ви е потребна.
14. Секое дете има право на добар живот. Ако сте со пречки во развојот, имате право на дополнителна поддршка и помош.
15. Дете коешто било принудено да ја напушти својата земја ги има истите права како сите други деца во својата нова земја.
16. Ако сте сами, добивате посебна заштита и поддршка.
17. Доколку е можно, ќе бидете повторно соединети со Вашето семејство.
18. Погледите и верувањата на секое дете се заштитени. Ако припаЃате кон малцинство, имате право на свој јазик, своја култура и своја вера.
19. Сите деца имаат право на игра и на живот во добра и здрава околина.
20. Сите деца имаат право да примаат информации од разни делови на светот преку ТВ, радио, печатот и преку книги. Информациите не смеат да бидат штетни за децата. Се разбира дека имате право и Вие да информирате.
21. Секое дете има право на своја приватна сфера. Поради тоа, никој нема право да ги чита Вашите писма или дневници без Ваша дозвола.
22. Сите деца имаат право да живеат заедно со свиоте родители - дури и кога мајката и таткото не живеат заедно. И двајцата родители имаат заеднички одговорности. Родителите имаат право на поддршка и помош.
23. Ниедно дете не смее да биде малтретирано, експлоатирано или запоставувано. Ниедно дете не смее да биде присилено да обавува работа штетна за него. Ниедно дете не смее да биде злоупотребувано.
24. Ако Ве малтретираат, ќе добиете заштита и помош.
25. Сите деца имаат право да бидат информирани и да ги дознаат своите права.
Всадете му на детето свест за неговите права.
Одбележете ја на вистински начин Детската недела.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Интервју со Маја Митрова, Маи Реи, холистички терапевт
Се посветувам на споделување знаења и техники за исцелување, саморазво...
Чекорење напред! Детски чевли со оптимално вклопување
Интервју со Дипл. бизнис економист (БА) Тристан-Себастијан Ниче, изврш...
Правилен избор на детски чевли
Најважната фаза во развојот на детските стапала е од раѓање до приближ...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Што ве чека во првите три месеци од бременоста?
Доаѓањето на бебето комплетно ќе го промени вашиот начин на размислува...
Расположението во бременоста.
Admin
Дали сте имале ненадејни промени во расположението за време на бременоста?