Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Чистењето на подовите беше моја омилена активност: Исчисти ја куќата и вежбај аеробик истовремено. Лименките во чајната кујна ми беа наредени по големина во редови. Ги организирав зачините по азбучен ред. Си велев дека ако најлошата навика на мојот сопруг е фрлање на крпата на под по туширање, јас сум среќна жена. Ставав нова крпа за него на закачалка, со насмевка.
Потоа добивме деца. Три. Тоа значеше дека сега нашата куќа има четворица кои ја фрлаат крпата на подот и само една личност која собира – јас. И тоа воопшто не ми беше смешно.
Потоа дојдоа играчките. Мали, остри играчки кои предизвикуваат болка кога ќе стапнеш на нив во темница и огромни играчки кои зафаќаат 50% од просторот во нашата мала куќа. Смачкани животни и фустани од кукли кои фаќаат прашина. Боици, налепници и истуткана хартија. Валкани топки кои оставаат траги кога ќе ги удриш во таванот. Мрсни отпечатоци на стаклата.
Училиштето донесе нов неред. Книги, моливи, хартија, расфрлани на масата во кујната. Картонски кутии поставени како стапици. Плакари преполни со смешни костуми за децата да изгледаат како: голем лош волк, принцеза, оџачар, Лејди Гага. Влажни стапалки на дрвениот под, откако се преселивме во куќата со базен. Влажни пешкири во дворот. Барбики и пиштоли расфрлани внатре и надвор.
А валканата облека?! Гимнастички балетанки, униформи од фудбал и кошарка, секоја недела. Трева и кал на колената на секој пар панталони. Трева и кал во секој пар чорапи. Кисело млеко, чоколадо и кечап врз се. Немаше доволно прашак за сето ова да се испере.
Потоа се преселивме во еден град, во кој постојано врне. Калливи чевли и искршени чадори. Повеќе домашни задачи, повеќе трудови и книги, калкулатори, агломери и компјутери, бидејќи децата пораснаа. Шминки, уред за сушење лакирани нокти, пегла за коса, шампони, регенератори и фигаро во бањата. Валкани чинии во спалната соба, кутии од пица во ходникот на под. Мирис на пот и мирис на дезодоранс. Лак за нокти на седмоседот. Мали топки насекаде во домот, бидејќи надвор е влажно за да се игра фудбал.
Куќите на другите семејства изгледаа толку чисто и организирано. Како го постигнуваат тоа? Јас не разбирам. Да, моите деца ми помагаат и маж ми ми помага, но темпото на нашите животи е неуморно. Се чини дека хаосот се сруши врз нас, бран по бран – на работа, на училиште, пораки, текстови, домашни задачи, фудбалски турнири, роденденски забави и состаноци. Повеќето денови едвај ја држам главата на рамена.
Мразам хаос. Но еден ден кога децата ќе пораснат и ќе заминат, ќе го нема. Еден ден, порано отколку што очекувам ќе се разбудам и ќе видам куќа која блеска. Ќе има само една валкана крпа на подот. Тогаш хаосот ќе ми недостасува повеќе отколку што сега ми недостасува редот.
Уживајте во хаосот додека можете.
4
3
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Хипертиреозата, односно зголемената активност на штитната жлезда, е со...
Цел ден за себе, одмор за умот и телото
Цел ден само за себе е ретка можност да се поврземе со нашите мисли, ж...
10 совети за нега по појава на првото запче кај бебето
Појавата на првото запче е важен момент во развојот на бебето. Иако е ...
Женското здравје претставува комплексен и важен дел од целокупното здр...
Како хормоните го контролираат процесот на зачнување?
Хормоните го регулираат менструалниот циклус, овулацијата и создаваат ...
Кофеин за време на бременост.
пеперутка16
Дали е здраво да се пие многу кофеин за време на бременост, дали влијае на здравјето на бебето? Колку кафе мислите дека е „дозволено“ да се пие дневно за време на бременост?