vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Сите ја знаеме Јања Батич.
Сите ја чувствуваме agnes77 за своја пријателка, иако е толку далеку, иако не го познава добро македонскиот јазик.
Сите знаеме за борбата на Јања за посвојување на две ромски близначиња од Македонија.
Сите ја поддржавме Јања на нејзиниот пат кон посвојувањето и се потпишавме во петицијата "Минута од Вашето време за вечна љубов"
Сите станавме членови на групата за Поддршка на Јања што побрзо да се гушка со близначињата.
Сите и дававме морална поддршка на Јања да издржи во нејзиното исчекување.
Крикнавме заедно со неа кога се појавија првите потешкотии при постапката на посвојување.
Со своите активности придонесовме да се забрза имплементацијата на постапката за електронско посвојување.
Говорејќи јавно за недоследностите, ја подигнавме свеста на родителите кои чекаат да посвојат дете.
Направивме се' што беше во границите на можностите на една виртуелна заедница.
Водејќи се од девизата дека пријателствата втемелени на искреност и човечност траат вечно:
Рингераја и посакува неизмерна среќа на Јања Батич и нејзиниот сопруг во понатамошниот живот!
Должни сме да им се заблагодариме на сите луѓе со широко срце, кои помогнаа во борбата на Јања, а особено оние кои ја потпишаа петицијата. Воедно, сакаме да Ве информираме дека сите податоци кои беа собрани по повод Петицијата "Минута од Вашето време за вечна љубов", и беа доставени до официјалниот e-mail на Дану Филантропија, нема да бидат користени за никоја друга намена и трајно ќе бидат избришани од базата на податоци.
4
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Како да го одржувате крвниот притисок во здрави граници
Крвниот притисок е еден од важните показатели за здравјето на срцето и...
Доењето го одржува притисокот на мајката на ниско ниво
Мајките кои ги дојат своите бебиња шест месеци се повеќе заштитени од ...
Како телесната тежина влијае на плодноста?
Телесната тежина може да има значајно влијание врз плодноста и кај жен...
Брачниот живот, секако, ако е хармоничен, позитивно влијае на здравјет...
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...