|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Крик на Европа, за приказна со среќен крај!

Редакција Рингераја, 25.8.2010
Крајот на приказната мора да заврши среќно, за да навистина биде крај!

image
/21


Приказната за нашата драга Јања започна на 1.Јули 2010 година. Членовите на Рингераја уште од поодамна ја познаваат Јања, виртуелно како Агнес77, а некои ја познаваат и лично. Дружејќи се виртуелно, ја знаевме и нејзината животна приказна за посвојување на дете од Македонија. Сето ова познанство беше на база на разменување на чувства, мислења, совети и охрабрувања, од секојдневните наши и нејзини  проблеми, преку форумите. Јања имавме можност и лично да ја запознаеме летото 2009 година на дружба во Градски парк, кога на сите присутни Рингерајчиња освен што им подари играчки, им подари и неизмерна љубов. Неизмерната хуманост и љубовта кон дечињата без родителска грижа, Јања ја покажа и со најголемата донација од сите донатори, за дечињата од домот „11. Октомври“, при реализација на акцијата „Заедно растеме со децата без родителска грижа“, во Март 2010 година.

 

Нејзините познавања на сите аспекти на посвојувањето и одгледувањето на посвоеното дете, несебично и постојано ги споделуваше во темите наменети за Посвојување на деца, на кои подоцна стана и модератор. Преку дружењето на форумите и желбата која ја водеше, Јања многу добро го научи македонскиот јазик. На среќата и немаше крај кога Јања во Мај 2010, објави дека таа и нејзиниот маж се избрани од центарот како најпримерни посвоители на две ромски близначиња. Од нејзината и наша неизмерна радост се роди темата Агнес ги очекува близнаците. Во Јуни 2010 на истата тема започна да се создава виртуелен список на сите корисници кои заедно со Јања ја чекаа одлуката на комисијата.

 

Бидејќи животната приказна на Јања стана речиси знак за препознавање на Рингераја.мк,  решивме да ја преточиме во една убава, вистинска приказна. Така на 1. Јули 2010 година го објавивме интервјуто насловено: Интервју со Јања Батич алијас агнес77, кое набргу беше преведено и објавено во повеќе земји во регионов. За кратко време го доби приматот -најчитан текст на Рингераја, а и текст со најмногу “likes” од Рингераја корисниците на Facebook. Целиот регион (Македонија, Словенија, Италија, Србија, Босна, Хрватска и пошироко во Европа) секој момент го чекаше среќниот крај на приказната за Јања. Но, крајот на Јули 2010, корисниците од целиот регион беа шокирани, кога дознаа дека предметот на Јања е префрлен во друг центар и вратен на самиот почеток. Петицијата Минута од вашето време за вечна љубов е само крик на цела Европа, која сака што поскоро да го прочита крајот на приказната. А крајот на оваа приказна ќе биде крај, само доколку е среќен...

 


Рингераја.мк припаѓа на групата на семејни интернет портали чиј сопственик е компанијата ДАНУ од Словенија. Освен Рингераја.мк ДАНУ управува и со портали со сродна содржина во следниве земји: Словенија, ИталијаСрбијаБосна и Херцеговина и Хрватска. Со помош на заедницата се обидуваме да добиеме што е можно поголем слух за актуелните проблеми и да го зголемиме квалитетот на донесените закони и прописи, а исто така се обидуваме да ги информираме нашите корисници за правата и обврските кои законски им припаѓаат.

ДАНУ поддржува и хуманитарни организации и проекти корисни за семејството. Установивме и Дану Филантропија – организација која активно работи и го развива хуманитарниот аспект на компанијата и заедницата. Моќната локална, а во случајот како на Јања, и регионална заедница поттикнува и поддржува организирање и реализација на акции, насочени за помош на одредени поединци или заедници. Дану Филантропија  го користи интернетот како медиум и помага таму каде е потребна помош, притоа дејствувајќи брзо и ефикасно и опфаќајќи поголем дел од целната група.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
4
ДАНУ Филантропија и БиМилк наградени!
Министерството за економија им ја додели Националната награда за општествена одговорност на претпријатијата (ООП) на ДАН...
3
Прв саем за неформално образование за деца...
Слушнавте ли за „После часови“?На големо задоволство на сите родители, деца и млади, за прв пат кај нас ќе се одржи саем...
3
Љубоморен лабрадор повреди две близначки д...
Новородените сестри близначки биле осудени на смрт од семејното куче лабрадор, кога нивната мајка накратко ја напуштила ...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?