namesp во 10:11
dragana gage: Мојата породилна приказна
Редакција Рингераја, 11.4.2011
Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Детали
Ник: dragana gage
Датум на породување: 26 01 2006 година
Тип на породување: природно
Болница: во Тетово
Mојата породилна приказна се случи пред 5години, а запоцна пред 6 год. Штотуку бевме венчани со сопругот и едно утро јас му велам ми доцни месечниот циклус веке 2 седмици и дека треба да земеме тест и да го направам. Така и направивме, уште дента го зедовме тестот и го направив следното утро, тестот беше позитивен и веќе почнавме разговор за посета на гинеколог. Закажавме преглед во најблискиот слободен термин. Дојде денот за преглед, а јас целата возбудена не знаев што да правам дури почнуваше да ме фаќа страв. Додека дојде мојот ред јас три пати се препотив, тоа беше мојата прва средба со гинеколог. По прегледот докторката ми вели - да мила, бремена си веке 6 седмици, ти честитам. На мојата среќа и немаше крај. Тогаш докторката ми рече да се видиме по два месеци на контрола, затоа што веќе беа почнати годишните одмори.
На следната контрола ме чекаше големо изненадување. Додека докторката ме гледаше на ехо изненадено подвикна – О, па овде имаме две бебиња. Е сега навистина ништо не ми беше јасно, како на првиот преглед не го виде тоа? Но мојата среќа стана двојна, целиот пат до дома се смеевме со сопругот, на нашата среќа и немаше крај.
Бременоста помина во најдобар ред, секој месец одев на контрола бидејќи имав близначка бременост и првото бебе беше во неправилна положба, па докторката сакаше редовно да ме следи. Во деветти месец влегов на 21 декември и сите ми велеа- ајде нека се родат на 1 јануари, на Нова Година, да ги земете парите, а јас велам - ќе биде кога ќе сакаат бебенцата. Докторката на последниот преглед ми рече дека е нормално да се родат и порано затоа што е тоа близначка бременост и дека тоа се случува. Но тоа не важеше и за мене.
Се наближуваше терминот, а моите бебенца немаа абер за надвор, иако со нетрпение ги очекувавме .На 23-ти јануари, со полни девет месеци и со надминат термин од 2 дена отидов на контрола. Докторката ме извести дека не сум ни сантиметар отворена и дека ќе морам да примам инекции за провокација. Два дена примав инекции наутро и навечер и во средата отидов на контрола. Веќе бев 3 прсти отворена и ме задржаа во болница, не се знаеше кога ќе биде. Вечерта околу 19 часот почувствував болка но не знаев што е и јас целата мирна си седнав на креветот си зедов списание и си почнав да читам, но сум го ставила часовникот покрај мене и следам на колку време се јавуваат болките. Некаде околу 23 часот болките беа веќе неиздржливи и се почести. Тогаш и се јавив на мојата докторка и таа веднаш дојде. Веќе во 24 часот јас бев во породилна сала. Додека ми зедоа податоци и ме средија, мене ми пукна водењакот. Веднаш дојде потребниот персонал од бабици, сестри, доктори, педијатри и моето породување почна по нормален пат, што е исклучок за близначка бременост. Мојата докторка сметаше дека можам да ги родам нормално. Мојот прв ангел дојде на овој свет во 1:30 по полноќ, а вториот ангел цели 45 минути подоцна, затоа што беа двојајчани. Јас бев најсреќна тогаш, станав мајка, прекрасно. Првата ќерка се вика Ангела и се роди 2100 гр, а втората Анастасиа и беше тешка 3400гр. Сега веќе се вистински принцези, со навршени 5 години.
Рингераја им посакува среќно детство на Ангела и Анастасиа !
Топ 10 породилни приказни
nadica: Мојата породилна приказна
Anushka: Мојата породилна приказна
Тања: Мојата породилна приказна
kikicka: Мојата породилна приказна
cecka: Мојата породилна приказна
ananikol: Мојата породилна приказна
AnnaMolly: Мојата породилна приказна
мичо: Мојата породилна приказна
Ели: Мојата породилна приказна
Palce: Мојата породилна приказна
Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?
Прочитајте како во статијата Породилни приказни.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Глетката на крв никогаш не е добредојдена кога сте бремени. Факт е дека крварењето во бременоста е доста честа појава, о...

Ако сте за прв пат мама, веројатно постојано ви се чини дека ги препознавате раните знаци на породување. Навистина се ра...

Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...

Сигурно многу од вас се запрашале како порано жените правеле тест за бременост? Многумина од вас сигурно сметаат дека то...
