vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Од 6-18 месеци
Додека играте заедно Вашето бебе одеднаш Ве гризе за раката. Што да направите?
Не правете
Не гризете го за да почувствува болка. Многу родители мислат дека на овој начин ќе го научат бебето да не гризе, но бебињата не разбираат дека гризењето кај него и кај Вас предизвикува болка. Единствено што ќе добиете е што и двајцата ќе Ве боли раката и Вашата врска ќе се наруши.
Направете
Бебињата плачат, удираат, викаат и маваат за да ни ги соопштат своите потреби. Тие истражуваат преку допир, сакајќи да дознаат нешто повеќе за своите тела и животната средина. Не го прават тоа за да се повредат, или за да бидат непослушни. Треба да го ограничиме однесувањето кои претставува опасност за другите и за нив самите, но не на начин кој го плаши или му штети на бебето. Нашата цел е да им помогнеме на бебињата да ги покажуваат своите чувства, без да се повредат себеси или другите.
Од 2-3 години
Врескајќи и удирајќи по Вас, детето го фрла шишенцето од кое пие на подот, во продавницата за играчки, бидејќи не му ја купувате играчката која ја сака. Што да направите?
Не правете
Направете
Сите сме го почувствувале моментот кога децата се своеглави и немирни. Ова може да Ви изгледа како многу лош момент, но децата треба да поминат низ оваа фаза. Тие треба да ја откријат својата сила, да се одвојат како битија од своите родители, да научат за самоконтрола. Ние можеме да ги учиме своите деца да се однесуваат правилно со наградување на доброто однесување, игнорирајќи го провокативното однесување, како превенција да не се повредат себеси или другите.
Од 3-4 години
Вашето дете го турка или кубе девојчето со кое игра, или користи лоши зборови. Што да направите?
Не правете
Направете
Правила за “Тајм аут”
Децата на оваа возраст почнуваат да учат за правилата и границите на однесување, но прават грешки. Потребни им се потсетувања и итни последици за лошото однесување, со што ќе расте нивната самодоверба и ќе научат што е добро однесување без срам или конфронтација со родителите.
Од 5-7 години
Му кажавте на Вашето дете да ги собере коцките. Тоа одбива. Повторувате уште еднаш но детето не го прави тоа. Што да направите?
Не правете
Направете
На оваа возраст децата се свесни за правилата на доброто однесување, но сеуште имаат проблеми да ги прифатат своите одговорности. Тие ќе Ви кажат кога некоја казна не е фер. Важно е да им давате на децата многу пофалби и награди на оваа возраст. Бидејќи Ви помогнале заедно да ја расчистите масата по ручекот, ќе имате повеќе време за игра или раскажување на приказна.
3
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто е важно да влезете во бременоста со здрава тежина
Тежината пред бременоста може да влијае врз плодноста, текот на бремен...
Новороденчињата поминуваат голем дел од денот во сон, но нивниот ритам...
Преминот од пелени кон нокшир е важен чекор во развојот на детето. ...
Причини за вагинална сувост во бременоста
Бременоста носи бројни хормонални промени што влијаат врз целото тело,...
Природни начини за ублажување на настинка и грип
Топлите напивки, одморот и доволниот внес на течности можат да помогна...