|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Девојче на 3 години одржа пиано концерт

Редакција Рингераја, 19.7.2012
Експертите фасцинирани од тригодишното девојче Лавиниа Рамирез, која го имаше својот прв пиано концерт само шест недели откако почна да оди на часови по пиано. Нејзиниот учител по пиано изјави дека девојчето има извонреден талент!

image
/11


 

 

Нејзините раце се толку мали, а прстите едвај допираат две копчиња во исто време. Таа користи дополнителен додаток на седиштето и сета концентрација и е насочена во свирење без да гледа.

Пред неколку седмици не знаела ниту да ја свирка Mary Had a Little Lamb, но денес ја нарекуваат мини маестро за пиано и Британска најмлада пиано ѕвезда.

Нејзиниот учител Матеј Лехоцки изјави: “Да се свири пиано на нејзина возраст е нешто необично, нешто многу посебно. Обично децата  на таа возраст не се во состојба да се контролираат или да направат она што им се кажува. За нив е нормално да удираат по типките на клавирот неколку минути и да избегаат од досада.”

 

piano

 

Лавиниа, која го прослави својот 3 роденден вчера учеше да свири само шест недели  пред да седне и одржи концерт пред публика од 200 луѓе во локалната црква во гратчето Plymouth.

“Таа е толку зрела за своите години, што заборавате дека имате тригодишно девојче до вас. Таа изгледа како да има пет или шест години. Се разбира, постојат моменти кога се расејува, но оној талент кој го поседува е нешто исклучително. Нејзината координација око – рака е фасцинантна.”

Таа може да ја свири Old MacDonald had a Farm со користење на двете раце одеднаш. Мислам дека за период од 8 месеци ќе биде во можност да полага испит по музичко. Не можам да се сетам на некој кој го правел тоа на возраст од три години. Малата Лавиниа беше наречена мини Моцарт по завршувањето на концертот (иако се смета дека Моцарт имал 4 години кога за прв пат почнал да учи да свири клавикорд.)

Ниту еден од нејзините родители не свири пиано. Тие ја забележале нејзината заинтересираност купувајќи и играчка пиано за Божиќ.

Нејзината мајка изјавува смеејќи се: “Немам идеја на кого е Лавиниа – таа е дури поинтелегентна и од мене. Пред да наполни две години  можеше да пишува бројки и букви и да ги препознава во книгите. Откако случајно и купивме играчка пиано, беше преокупирана со тоа по цел ден. Ја прашавкме дали сака да оди на часови, рече дека сака и така се случи.”

 

piano1

 

Нејзините родители и купиле пиано, за да го развива својот талент и дома. “Таа свири и дома, земајќи трпезариски стол, наместо да седи на пиано столче. Понекогаш игра и свири цел ден, а понекогаш не му се приближува на пианото цела седмица. Ја ставаме да одлучи сама и нема да ја притискаме ниту во иднина. Ние само сакаме да и овозможиме да го развие својот талент по природен пат.”

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Игри за поттик на интелегенцијата кај децата
Општо познато е дека периодот од раѓањето до седмата година е период на најинтензивен раст и развој на детето, како во ф...
4
16 работи кои не треба да ги кажуваме на д...
Некои од фразите - позитивни или повеќе негативни, кои ги користите во воспитувањето на своите деца, можат да имаат долг...
4
Кои родителски совети им штетат на децата?
Секогаш добро размислете што му велите на своите деца и не дозволувајте да правите компромиси со тоа. Држете се до висти...
4
Мир со свекрвата?
Има снаи кои ја сакаат свекрвата речиси колку сопствената мајка (дури и повеќе!). За жал, ова е исклучок. Обично односит...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?