|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Дали едното дете го сакате повеќе од другото?

www.zazdravje.com.mk, 10.12.2011
Нормално дека ги сакате своите деца подеднакво, но дали за едното дете покажувате поголем интерес? Тешка тема која многу родители не сакаат да ја отвараат.

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Без разлика дали мислите свесно или не, имате ли фаворит?

Не, не, се разбира дека не! Ние ги сакаме децата безусловно и се однесуваме подеднакво кон нив.



Дали навистина тоа и го правите?

Децата се различни, неверојатни, мили. Тие заслужуваат да бидат сакани и третирани подеднакво. Но, истражувања тврдат дека тоа не е така - сите родители имаат фаворит, без разлика дали го сфаќаат или признаваат. Др.Џефри Клугер вели дека повеќето семејства се свесни кое дете на кого е слабост, но малку родители некогаш ќе си го признаат тоа. Др.Клугер цитира студии, објавени во Journal of Family Psychology, кои покажуваат дека околу 70% од татковците и 65% од мајките покажуваат наклонетост кон едно од децата.

Овогодинешното истражување во кое учествувале 26000 мајки, покажува дека една од секои пет (19%) признава дека има скриени желби кон едно од децата.

Нели едно од вашите деца е она за кое сте подлабоко поврзани, што ве тера да се смеете повеќе, што ви го прави денот малку поубав? Секако, но тоа не значи дека го сакате ова дете повеќе, туку само дека од некоја причина гравитирате исклучително околу него.

Според Др.Џефри Клугер, нашите гени се виновни да придаваат интерес за едно од своите деца. Специфична еволутивна карактеристика е да бидеме благонаклонети кон едно од децата, за кое нашиот рептилоиден мозок мисли дека ја носи нашата генетска линија.

Поентата не е да го негираме, туку да го прифатиме и да продолжиме напред, дури и без навестување за предноста, што значи дека треба да ги третираме секое од децата како посебно, да ги цениме силните страни и ги поддржуваме слабостите на секое одделно.

Изборот е да дејствуваме надвор од нашите природни инстинкти и да ги одгледуваме со љубов и непристрасност. Љубовта на родителите е награда за која секое дете копнее, и кога е очигледно дека едното е омилено, може да стане неподносливо за другото, што е на второ место.

Експертите велат дека штетите нанесени за време на детството, можат да бидат со катастрофални последици, но децата донекаде тоа го надминуваат во зрела возраст, кога секое го наоѓа своето сопствено место во светот. Дури и да имаат таен фаворит, многу е важно за родителите (некако повеќе за мајката) да прават така што секое од децата да смета дека е на прво место.

Прифатливо е да признаете дека имате фаворит меѓу децата, но во контекст како тоа да е Вашиот омилен писател, Вашиот омилен научник, Вашиот омилен комедијант и да прикажете дека ги сакате сите со сето свое срце поради нивните различни квалитети и слабости.

И да си се потсетите дека секое од децата има одредена способност, која оживува и го осмислува Вашиот живот. Повеќето луѓе негираат дека имаат фаворит меѓу децата и веројатно си веруваат. Но активностите, зборовите и своите емоции тоа го демантираат. Не дозволувајте тоа децата да го почувствуваат и најважно - никогаш не го кажувајте на глас!

 

 

zazdravje

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Права на децата низ илустрации
Децата имаат права затоа што се деца и не треба да ги заслужат своите права. Наша должност е да ги научиме на нивните пр...
4
Како да ги подготвите децата за новиот нач...
Интервју на Др. Ранко Рајовиќ за порталите Рингераја
4
Магнезиум во исхраната на вашето дете
Кога размислуваме за здрава исхрана на детето, најчесто зборуваме за протеини, железо, калциум и витамини.
4
Како да му помогнеш на твоето дете да веру...
Да му помогнеш на детето да верува во себе е една од најважните улоги што ги имаш како родител. Самодовербата не се град...
3




Анкета

светло ДА или НЕ
пеперутка16

Дали го одржувате светлото запалено навечер во просторијата каде што спие вашето бебе?

Да. (0%)

Не. (100%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!