Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Цвеклото барем на балканските простори е доста познато растение. Се смета дека кај нас дошло од Југоисточна Азија и Кина. Цвеклото е растение кое многу се употребувало уште за време на владеењето на стариот Рим. Императорите по откривањето на ова растение наредиле негово масовно одгледување низ европските полиња.
Цвеклото нутриционистички гледано, е навистина богато со многу елементи кои се неописливо потребни на нашето тело. Цвеклото содржи малку протеини, органски киселини како што се фолна киселина, јаболкова киселина, оксална киселина, потоа, витамини, Ц, Б, А, ПП, Е, од минерали најмногу соджи: калциум, калиум, магнезиум, цинк, железо, и други во помали количини.
Бидејќи цвеклото не е многу тешко да се најде на пазарот неговото присуство во секој дом е повеќе од неопходно. Начинот на користење е различен. Луѓето од него прават разни салати, некои го конзервираат, други пак прават сокови и коктели. Како и да го користите ќе имате предност. Се препорачува цвеклото да го конзумирате заедно со изрендан морков, оваа комбинација е вистинска "витаминска бомба" за организамот. Но, не само витамини, минералите и другите состојќи кои се наоѓаат во цвеклото ќе ви помогнат при проблеми со тироидната жлезда, циркулацијата, анемијата и разни други хематолошки заболувања. Цвеклото се препорачува редовно да го користат пациентите кои имаат хронична анемија и оние кои имаат проблеми со имунитетот, како и да е не смееме да заборавиме да напоменеме дека цвеклото е одличен заштитиник на срцето и крвните садови. Ова значи дека конзумирањето на цвеклото позади себе повлекува огромен список со придобивки и влијание врз подобрување на огромен список на болести и здравствени состојби, скоро која и состојба да ја наброиме нема да погрешиме.

Кога сме кај цвеклото мораме да напоменеме дека навистина се издвојува неговото влијание врз дигестивниот систем. Цвеклото содржи елементи кои го потикнуваат работењето на цревата, а од друга страна го чуваат и штитат црниот дроб. Се смета дека децата кои конзумираат цвекло ќе имаат многу поздрави коски и заби, како и многу подобра крвна слика од оние кои не конзумираат редовно цвекло.
Цвеклото се препорачува да се зачинува со морков, мед и други оревести плодови бидејќи така ќе имаме уште по силен и по делотворен ефект. Сокот од цвеклото има неверојатен ефект врз здравјето. Ако редовно го конзумирате со сигурност ќе почувствувате драстично подобрување на вашето општо здравје.
Цвеклото за среќа е традиција на нашите простори, но за жал оваа традиција полека се подзаборава. Без разлика дали сте традиционалист или не, цвеклото ќе морате итно да го вратите на вашата трпеза, бидејќи пред нас имаме резервоар на здравје и не смееме да го игнорираме.
4
3
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Секој ден по малку и животот се менува
Понекогаш мислиме дека големите промени бараат големи чекори, драматич...
Кога бременоста не доаѓа брзо како што сме очекувале
Неплодноста е чувствителна и емотивно предизвикувачка тема. Многу паро...
Слободата на движење при породување
Породувањето е еден од најинтензивните и најважни моменти во животот н...
Денес ве поканувамe да го видите убавото што веќе го имате....
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...