Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Јас, и таа, тотално не инстаграм слика, доцна во ноќта, во пижами, со растурена коса, без малку шминка и со многу желба за неколку споени часа сон. Колку што го сакам тој сон, толку и не го сакам. Со него губам мигови поминати во кои таа спие мирно додека го чувствувам нејзиниот топол здив на моите гради.
Еден часот по полноќ, повторно сум ја земала покрај себе, ама како? Како тие малечки прстиња кои се цврсто стегнати за мојата пижама да ги одвојам од себе?
Иста приказна, трет пат, со друго бебе.
Таа ме сака мене и мојата топлина, мојот мирис, а и јас нејзиниот на мајчино млеко.
Знаете што, веќе почна да јаде.
Моето мало топче почна да го истражува светот околу себе.
Додека да трепнам наполнила 3 години, па 6 и почнала во школо, 13 и пубертет, оо па дошло и полнолетство 18 веќе, веќе одлетала од нашето гнездо да направи свое.
Моето мало бебе веќе има свое мало топче кое мириса на мајчино млеко, и една мајка која додека е жива ќе и ја дава топлината како пред многу години, и ќе и дозволува цврсто да ја држи со нејзините мали прстиња кои сега се веќе прсти од возрасна и исполнета жена. Не знам зошто ме боли помислата дека еден ден нема да можам да им го чувствувам мирисот во секој миг, можеби затоа што се дел од мене, затоа што ми дозволуваат светот да го прегрнам со две раце или пак можеби затоа што ми ја разјаснуваат причината за моето постоење.
Ги сакам и нема понатаму.
забава Бремените
Автор: bobik
Придобивки од млекото и млечните производи за здравјето
Млекото и млечните производи се дел од традиционалната исхрана во мног...
Кога детето го поминува својот прв роденден, неговите потреби за храна...
Што се матични клетки и зошто се толку важни?
Во светот на медицината постојат многу зборови што звучат како научна ...
Гастритис – што е и како се лекува?
Гастритисот е воспаление на слузницата на желудникот, состојба која мо...
Кога сте родител на бебе, секојдневните обврски стануваат вистинска ми...
Миење на долниот дел.
пеперутка16
Дали твојот сопруг ја менува облеката на детето, мислам миење на долниот дел и менување на пелената?