vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Битолска млекара започна со дистрибуција на Битолски јогурт во семејно пакување од 1,5л. во PET амбалажа. Ова пакување е практично и значително поекономично, што на потрошувачите ќе им овозможи овој производ да им биде достапен по значително пониска цена.
Идејата за новото пакување произлезе од резултатите на истражувањата на пазарот и нашата посветеност кон потребите и желбите на потрошувачите кои бараат поголема вредност за своите пари. На нашите верни потрошувачи, пред се оние со поголеми семејства или оние кои често групно го консумираат нашиот јогурт, најчесто наутро на работното место, преку новото, попрактично и поекономично пакување на нивниот омилен пијалак да им овозможиме да уживаат во вкусот на Битолскиот јогурт по уште поповолна цена. Ова пакување е воедно и најголемо и најекономично пакување на јогурт на македонскиот пазарот.
Новиот производ го задржува добро познатиот традиционален кисел вкус и квалитет на Битолски јогурт со 2,8% млечни мести, направен од високо квалитетно пастеризирано млеко и врвна активна јогуртна култура, по современа технологија и врвни стандарди за безбедност и исправност на храната. Производот чуван на температура од 4 °C до 8 °C ќе има трајност на полица во малопродажбата од 21 ден.
---
Млекара АД Битола е најголемата млекара во Р. Македонија со капацитет на преработка на млеко од над 65 милиони литри годишно која посветува врвно внимание на квалитетот и поседува врвен стандард за управување со квалитетот и контрола на безбедноста на храната - ISO 22000 (интегриран стандард од HACCP и ISO 9001) и стандард за заштита на животната околина ISO 14000.Млекара АД Битола е единствена млекарница во Р. Македонија која поседува извозен број за извоз во земјите на Европската Унија, што е врвен доказ за квалитетот на нашите производи. Од 2007 година Млекара АД Битола е дел од најголемата групација на млечната индустрија на Балканот -Danube Foods Group.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствува...
Зошто градите стануваат чувствителни во бременоста?
Чувствителните, отечени или болни гради се меѓу најраните знаци на бре...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...