|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Албумите со сликички – радост за сите генерации

БиМилк, 12.2.2016
Голем број детства низ повеќе генерации се обележани со собирање сликички и пополнување албуми. Единствено нешто кое е променето со текот на годините, е тематиката на албумите со сликички, додека чувството е останато исто

image
/11


 

Пријателствата се незаменлив дел од животот на секое дете. Друштвените вештини кои тоа ги учи од најрана возраст, особено способноста да стекнува пријатели, се важни за неговиот иден развој. Голем број детства низ повеќе генерации се обележани со собирање сликички и пополнување албуми. Единствено нешто кое е променето со текот на годините, е тематиката на албумите со сликички, додека чувството е останато исто. Радоста и нетрпението кои сме ги  чувствувале ние кога ќе ни се падне онаа сликичка што ја посакуваме, исчекувањето на средбите со нашите пријатели за размена на сликички и заедничката еуфорија, денес ја доживуваат и нашите деца.

Собирањето сликички е всушност добра основа за учење на многу животни лекции. Децата кои ја практикуваат оваа активност, најчесто ? приоѓаат со многу страст и посветеност. Детето со нетрпение ја отвора новата ќеса со сликички и возбудено чека да види што ќе му се “падне”. Секоја нова сликичка што ја нема измамува насмевка, а најголемиот причинител за радост се сликите “дупликати” кои им овозможуваат ново дружење со пријателите и размена на сликички. Психолозите нагласуваат дека на тој начин децата работат на својата социјализација и ги учат правилата на фер игра.

Собирањето сликички помага во развојот на математичко-логичкото размислување, додека пак игрите на класификација влијаат на развојот на интелигенцијата. Кога детето пополнува албум со сликички, брои колку сликички има, брои колку му недостасуваат, разменува дупликати со пријателите, се радува кога ќе размени сликичка, тагува кога долго време ја нема сликичката која недостасува. Сето ова ја прави оваа убава игра и корисна. Затоа, им се препорачува на родителите да го воведат своето дете во светот на сликичките, без оглед на тоа дали се работи за момче или девојче.

Како посветен пријател на децата и нивниот правилен развој, Битолска Млекара периодов  организира голема, забавна и креативна наградна игра со собирање сликички низ која н? води Битолското чупе и Битолското млеко со 10 витамини.

Со секој купен сет од 2Л Битолско млеко со 10 витамини во маркетите ширум Македонија, добивате албум и дваесет сликички (или 4 пакетчиња сликички), додека пак со секое купено 1Л Битолско млеко со 10 витамини, добивате десет сликички ( или две пакетчиња сликички). Албумот содржи вкупно 150 сликички, од кои само на десет од нив има слика од клуч и имаат црвена задна страна. Соберете ги 10-те сликички со клуч, залепете ги во албумот, а задниот (нелепливиот црвен дел) испратете ги за учество во наградната игра. Со испраќање на задниот дел од сликичките со клучевите, петнаесетмина можат да добијат PlayStation 4, педесетмина ќе бидат добитници на вредносни картички од 3000 денари, а најсреќното семејство ќе добие шанса да го посети Берлин и Берлинската зоолошка градина, која е најголема и најбогата во Европа.Албумите се во ограничени количини и ќе бидат достапни с? до потрошување на количините.

Најновата авантура на Битолското чупе е нова страна од приказната која е почната одамна. Сите добро ја паметиме првата сликовница „Битолското чупе во куќата на витамините“ од едицијата ‘‘Авантурите на Битолското чупе‘‘.  Преку приказни, цртежи и песни,  Битолско чупе  им го пренесуваше своето знаење на најмалите за витамините и нивното значење. Сега пак, Битолското чупе реши да патува низ светот и заедно со витамините да ни ги пренесат сите возбудливи доживувања од патувањето, а наша задача е да ги следиме авантурите и да научиме многу нови работи.

Разбудете го детето во себе и заедно со вашите деца собирајте сликички до незаборавна семејна авантура!

За повеќе информации, посетете ја Facebook страницана Битолска млекаракоја ги содржи сите информации во врска со наградната игра.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Не можам да ти купам, немам пари
Честа ситуација кај родителите е да ја сокриваат беспарицата, односно да не признаваат зошто на децата не можат да им к...
3
Немирно дете = интелигентно и бистро дете?
Верувам дека сосема малото дете гледа нешто повеќе и подалеку од возрасниот човек. Понекогаш изгледа дека тоа не ги глед...
3
Градење самопочит преку мали, секојдневни ...
Знаете ли дека самопочитта се гради пред детето да наполни седум години? Таа кај детето не се развива преку големи лекци...
3
Татко на умирање напишал 800 белешки за ќе...
Љубовта од родител кон дете, НЕПРОЦЕНЛИВО! Погледнете овој болен татко што направи за својата ќерка!
3




Анкета

Доење.
пеперутка16

Колку долго мислите дека треба да се дои едно дете?