Според студија од 2007 година објавена во списанието „Развојни истражувања“, околу една третина од малите деца во одреден момент ќе развијат „интензивен интерес“ за некоја тема - а една од најпопуларните е опсесијата со диносаурусите
Ако вашето дете има опсесија со диносаурусите и го знае секој факт за Т-Рекс - опуштете се и уживајте! Зошто? Па, вашиот љбител на дино има тенденција да биде со надпросечна интелигенција и со зголемен опсег на внимание, ќе може подобро да се справи со јазичните вештини и да обработува информации. На кратко, децата кои сакаат диносауруси ќе бидат подобри и попаметни студенти, за што сведочат три одделни студии посветени на, како што велат научниците, „интензивни интереси“.
Сè уште не е познато што го предизвикало овој интерес, но сигурно е дека децата на возраст од две до шест години можат да именуваат повеќе диносауруси отколку нивните родители. Детскиот психијатриски терапевт Кели Чен верува дека ова е доказ дека можете да научите без да знаете дека го правите тоа. „Поставување прашања, наоѓање одговори и стекнување експертиза е општ процес на учење. Истражување на темата и нејзино усвојување е корисно затоа што така го обликуваме знаењето “, објаснува Кели Чен и додава дека основната професија на децата е игра, така што тие најдобро учат преку неа. Фактот што децата сакаат да покажат дека знаат повеќе и подобро од нивните родители, исто така игра голема улога.
„Ако родителот може да именува три или четири вида диносауруси и детето 20, тоа ќе развие чувство на авторитет“, рече палеонтологот Кенет Лаковара. Студијата открива дека интересот на децата за одредена тема значително се намалува помеѓу шест месеци и три години, но она што децата го учат преку својата опсесија останува трајно за цел живот.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Научете го детето да користи нокшир
За Вашето дете нокширот е нешто сосема непознато. До моментот додека не почнавте да го споменувате и додека детето ги и...
3
Детската игра – повеќе од забава. Зошто е ...
Кога ќе ги видиме како трчаат, скокаат, цртаат, измислуваат светови, можеби мислиме дека децата „само си играат“. Но вис...
3
Нова рубрика: Бебешки приказни
Рубриката Бебешки приказни е сработена во соработка со утринската програма на Телевизија Сител - Журнал.
3
Посебна мајка
Споделете го ова со сите мајки! Можеби и не знаат колку се совршени!
3