AniJo во 19:13
на тема RE: Сурогат - мајка !?!
Најверојатно не ги ни забележувате. Повеќето жени имаат најмалку една циста секој месец за време на редовните менструални циклуси. Но понекогаш цистите се преголеми, премногу ги има или едноставно не исчезнуваат сами.
Во такви случаи, можеби е потребен хируршки зафат за да не станат цистите канцерогени или да не предизвикаат пеколни симптоми.
Изразот „пеколни“ не е претерување. Ако цистата почне да предизвикува проблеми, ќе почувствувате.
За среќа, малите цисти покажуваат знаци кога ќе почнат да се јавуваат проблеми. Ако забележите некој од следниве симптоми, веднаш одете на лекар…
Најчестиот симптом на циста на јајникот е болката во долната десна или лева страна на карлицата, таму каде што се јајниците, и не престанува по менструалниот циклус.
Можеби ќе го почувствувате тоа кога вежбате или за време на сексуалните односи, но ќе ја препознаете болката на тоа специфично место.
Ако болката станува посилна или неподнослива, тоа е знак дека можеби имате торзија на јајникот. Кога ќе се случи тоа, се прекинува снабдувањето на јајникот со крв, што предизвикува многу силна болка. Веднаш одете на лекар во ваков случај!
Отеченоста е нејасен симптом, но може да биде поврзан со циста на јајникот, во зависноста од нејзината големина. Повеќето жени имаат цисти со големина под 10 сантиметри. Но некои цисти може да бидат многу големи, како лубеници!
Многу жени ќе помислат дека се здебелиле, но болките во стомакот и надуеноста може да се резултат на масата што расте во желудникот. Ако чувствувате тежина само во стомакот или не можете да пронајдете друга причина зошто сте се здебелиле, тоа е знак за предупредување.
Исто како миомите на матката, така и цистите на јајникот можат да предизвикаат чувство на тежина во абдоменот. Цистата е маса што значи дека зазема простор, што може да предизвика чувство на притисок.
Може да чувствувате и нешто слично на запек, но ако немате циста на двата јајници, тоа чувство ќе ја погоди само едната страна на карлицата. Ако вашата столица е во ред, но имате чувство на запек две до три недели, треба да дознаете дали вашите јајници се виновни за тоа.
Сексот не би требало да биде болен, па ако дојде до тоа, значи дека нешто не е во ред. Ако имате пенетративен секс и чувствувате болка на едната страна, постои веројатност дека имате циста на јајникот.
Кога некои цисти стануваат големи, може да паднат зад матката и во тој случај се наоѓаат веднаш покрај цервиксот (вратата на матката). Тоа значи дека може да почувствувате длабока продорна болка.
Ендометриомите (цистите на јајникот поврзани со ендометриоза) исто така може да предизвикаат болка во текот на сексот, бидејќи се наоѓаат близу цервиксот.
Уште еден симптом на циста на јајникот е постојаното чувство дека мора да мокрите. Ако цистата го притиска мочниот меур, може да чувствувате потреба за мокрење.
Болката во грбот или нозете може да се должи на различни работи, но ако вашиот доктор отфрлил сè останато, можеби треба да ја земете предвид цистата на јајникот како причина.
Цистите на јајникот може да им наштетат на грбот и нозете кога ќе станат преголеми, односно може да ги притискаат нервите кои се наоѓаат долж задната страна на карлицата.
Кога ќе се појават цисти на јајникот, може да дојдат во конфликт со вашите хормони. Полицистичниот синдром, што значи дека се појавиле многу мали цисти на јајниците, честопати предизвикува нерегуларно крвавење или поради честата овулација или поради недостиг на овулација.
Тоа се должи на неурамнотеженоста на естроген, прогестерон и тестостерон. Ако имате и други симптоми што обично се поврзуваат со полицистични јајници, како што се зголемување на телесната тежина и акни, најдобро е да одите на лекар.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Make a step: Линија за проодување
Daumling знае дека детските стапала не се само мали верзии на стапалат...
Избор на вистинските чевли за првите чекори
Првите детски обувки се многу важни за правилниот развој на стапалата ...
Daumling детски чевли со Terra-Care кожа
Германскиот специјалист за производство на детски чевли Daumling отсек...
Пелени - основни работи за секој родител
Изборот на вистинската пелена и разбирањето како да ги користите и да ...
10 изненадувања по породувањето
Претпоставувам дека сите луѓе кои имаат деца веќе го виделе пеколот, п...
Симптоми на породување.
пеперутка16
Кои беа вашите последни симптоми пред породувањето тој ден или ден или два пред тоа? Дали сте имале некакви симптоми?