namesp во 10:12
10 ветувања кои и ги дадов на мојата ќерка
Brooke Kwatny Kravitz, 12.3.2014
Ветувам дека ќе те охрабрувам да го сакаш своето тело. Ветувам дека од мене никогаш нема да ги слушнеш зборовите “диета” или “дебелеење”. Никогаш нема да ме слушнеш да се жалам од моите килограми или од мојот изглед. Кога ќе ги забележиш темните кругови околу моите очи, ќе кажам дека се од смеење. Исто така, никогаш нема да ти дозволам да се жалиш од своето тело. Биди здрава. Друго ништо не е важно. НИШТО!
Никогаш нема да ти кажам дека не можеш да направиш нешто бидејќи си девојка. Ќе се гордеам ако те видам да играш кошарка. Иако понекогаш ќе бидеш единствена девојка во тимот, ќе уживам гледајќи како го совладуваш својот противник и како силно трчаш низ теренот. Кога ќе се бориш за топката, моето срце силно ќе чука. Ветувам дека секогаш ќе го охрабрувам оганот кој гори во твоето срце.
Никогаш нема да дозволам да бидеш девојка која повредува. Не сакам никогаш да дознаам дека намерно си повредила некого, или си дејствувала на пакостен начин кон друго лице. Овој свет е премногу остар, особено за малите девојчиња и ако учествуваш во правењето некое дете да се чувствува инфериорно, биди сигурна дека нема да дозволам тоа да се повтори. Зборувам од искуство и со љубов.
Ќе те заштитам од светот на рекламите колку што можам. Знам дека не можам да те задржам да бидеш невина засекогаш, но онолку колку што можам ќе ги држам подалеку од тебе списанијата со тајни за губење на тежината, магичните кремови за зацврстување на телото и кремовите за одржување на твојата младост. Од сите медиуми до тебе ќе стигнуваат гласови дека не си убава, па ќе се трудам да те заштитам колку што можам, се додека твојата кожа е доволно затегната за да може да ги одврати магичните напади.
Секогаш ќе те охрабрувам да живееш силно и гласно. Тоа не значи дека не треба да почитуваш никого и ништо, но сакам твојот глас да биде силен и сигурен – твоите зборови вредат, направи да бидат слушнати! Не ми е важно колку е луда твојата идеја – сподели ја со страст и освој го заслуженото место во светот.
Никогаш нема да ти речам “стави малку кармин”. Се надевам дека никогаш нема да почувствуваш потреба од шминка, гледајќи во огледалото. Ако се случи тоа, нема да биде последица на моето влијание.
Ќе се обидам да те задржам да бидеш девојче, се додека можам. Девојките растат премногу брзо. Никогаш повеќе нема да се врати ова време – затоа искористи го за да играш со кукли и да мечтаеш како јаваш коњ, а зад тебе се крева светкава самовилска прашина. Нека магијата на фантазијата биде присутна во твојот живот шт о подолго.
Ветувам дека ќе те слушам со отворен ум. Сакам да ги слушнам твоите соништа, твоите ставови, твојата перспектива за животот. Сакам да го гледам светот преку твоите очи. Тоа можеби нема секогаш да биде практично (или нормално), но јас сум фасцинирана од фактот што создадов човечко суштество, кое има способност за толку многу лудост, самостојност и мудрост. Знам дека ќе имаме невозможни, но продуктивни дебати, во следните педесет години.
- Ветувам дека ќе те сакам без оглед на се. Без оглед на тоа колку пати ќе ми кажеш дека ме мразиш, во твоите тинејџерски години. Ќе имам на ум дека твоите хормони дивеат и дека за жал, си го наследила мојот темперамент. Нема да ветам дека немо ќе седам кога тивко ќе ја ослободиш внатрешната волчица, но ветувам дека секоја вечер пред легнување ќе те гушнам и ќе ти простам за твоите постапки.
Ако не ја сфати пораката досега, ќе кажам гласно: ТЕ САКАМ ДО МЕСЕЧИНАТА И НАЗАД! Својата работа како мајка ја сфатив сериозно и затоа овие ветувања ги ставам во писмена форма и стојам зад нив.
Со сета љубов,
Мама
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Блогерката Unmumsy Mum го напиша овој прекрасен пост за да им докаже на другите родители дека не ги осудува заради лошот...

KidzOMEGA е одличен извор на OMEGA 3 масни киселини EPA I DHA, со прекрасен вкус на портокал во кој ќе уживаат децата. ...

Американските експерти откриле дека долгото држење на мобилните телефони може да предизвика алергиска реакција на никел.

Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водител е Зорица Црношија вонедела на 07.04.2013 во 10.20 ...
