Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Со присуството на голем број негови фанови, соработници, пријатели и познаници уште еднаш се потврди дека љубовта и почитта која сите ние ја негуваме кон нашиот ангел е голема и после седум години од неговото заминување. Освен ексклузивната промоција на книгата беше претставен и видео записот сниман во 2006 година за песната на српски јазик „Жао ми је“ која е дел од носачот на звук „По тебе“.

„Горди сме на овој проект и ова луксузно издание во кое покрај фактите за кариерата на Тоше и дел од приватниот живот збогатено е и со многу фотографии, од кои поголемиот дел досега не се објавени. Веруваме дека читателите нема да останат рамнодушни“, изјави претставник од фонданцијата Тоше Проески.
Поддршка за реализација на овој проект овозможија фондацијата Тоше Проески, Министерството за култура, а честа комплетно да ја напише и припадна на Соња Неделковска.
„Станува збор за едноставна приказна, откорната од срце не само од мене туку и од сите соговорници, кои ги споделуваат своите сеќавања за Тоше од неговото најрано детство па се до моментот на неговото заминување, а се повеќе од 80. Мислам дека ќе ги исполни очекувањата пред се на фановите, бидејќи луксузната едиција и фотографиите прават ова дело да изгледа како светските едиции. Чувството да се биде автор на едно вакво издание е многу тажно и многу одговорно. Со месеци го барав вистинскиот стил на пишување и сфатив дека треба да побегнам од новинарскиот стил и да продолжам да ги редам спомените на Тоше еден по еден. Им благодарам на сите, на семејството Проески без кои оваа идеја немаше да се реализира, неговите пријатели и сите личности кои на некаков начин биле дел од неговиот живот“.

Завршуваме со еден фрагмент од книгата: Да имам огромна моќ, па макар и за кратко, ќе направам да исчезне омразата и злото, а луѓето меѓусебно ќе си делат само љубов. – Тоше Проески

Извор: fashionel.mk
забава Бремените
Автор: bobik
Се расправате често? Не е крај туку почеток на промена
Кога расправиите стануваат чести, лесно е да помислите дека нешто е „с...
Љубовта што не се изговара, туку се чувствува
Понекогаш најдлабоката љубов не живее во зборовите, туку во малите гес...
Најчести инфекции кај деца. Кога е време за педијатар?
Детскиот имунитет се гради постепено. Токму затоа, во првите години од...
Кога ќе одлучите да не се откажувате, успевате
Успехот не доаѓа случајно. Тој не е резултат на среќа, туку на малите ...
Сексуалниот живот е дел од интимноста и блискоста во врската. ...