Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Часови се бројат
ѕвончињата ѕвонат
дин дин дин дин дин
Дедо Мраз е фин
Дедо Мраз , Дедо Мраз
дојди и кај нас
бргу, бргу побргу
дојди во овој час хеј
Тој ни носи радост
усните се смејат
весело ке биде
песни ке се пејат
Дедо Мраз , Дедо Мраз
дојди и кај нас
бргу, бргу побргу
дојди во овој час хеј
------------------------------------------
Светилки шарени се палат и гасат,
ноќта е бела, снегот покрива се,
снегулки снежат носат година нова
ајде дели ги подароците
Бакнеж за мама,
бакнеж за тато
луле за дедо
за баба цвет
ѕвездите се мои,
а санка за бато
и љубов за целиот свет.
Елката моја високо стои
среде соба, среде цел свет,
на неа пораки во илјада бои
и љубов за целиот свет
-----------------------------------
Колку е добар овој Дедо Мраз
елка ни донесе сега тој на нас
свеќички шарени блескаат во сјај
поубава елка нема в' овој крај
Оро, оро весело, полека се врти,
во коло си играме еве баш вака
Оро, оро весело, полека се врти,
во коло си играме еве баш вака
--------------------------------------
Ѕунат ѕунат снегулки,
сегде покрив бел
дење ноќе патувам
минам светот цел
Дедо Мраз , Дедо Мраз
иде Дедо Мраз
Подајте си рачиња
оро вито в час
дружно да запееме
деца на цел глас
Дедо Мраз , Дедо Мраз
иде Дедо Мраз
Носам вреќа играчки
нежност, љубов, цвет
здрави да ми растете
деца од цел свет
Дедо Мраз , Дедо Мраз
дојде Дедо Мраз
---------------------------------
Слушајте деца и дечиња
играчки кукли и мечиња
Јанковци, Зорки и Елени
да сте крај елки зелени
Полноќ кога точно бие
никој никој никој никој да не спие
тогаш во нашата родина
влегува Новата година
Новата нова годинааа
Весели песни да пееме
радосни да се смееме
сите зберете се елате
добрини да си пожелате.
Полноќ кога точно бие
никој никој никој никој да не спие
тогаш во нашата родина
влегува Новата година
Новата нова годинааа
---------------------------------
На санка брза бела
еве деца идам
чекајте Марија, Миле
Елена, Влатко и Лиле
Донеси годино нова
игри и весели песни
децат сегде да бидат
птици полетани лесни
забава Бремените
Автор: bobik
Вака изгледа кога си прв ден мајка
Првиот ден со бебето е мешавина од емоции кои тешко се опишуваат со зб...
Зошто градинките не треба да личат на училишта?
Градинката е првото место каде детето се соочува со организирана среди...
Движењето и играта се основа за здрав раст и развој кај бебињата. ...
Како да станете самоуверени родители?
Родителството е едно од најубавите, но и најпредизвикувачките искуства...
Породување дома. Што треба да знаете?
Секоја трудница размислува за тоа каде би сакала да се породи во болни...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?