namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Лилјакот некогаш глушец бил, како сите глувци и по благослов на Христос се сторил лилјак. Еве како кажуваат:
Кога бил Христос на земјата на ден Величетврток бил в црква и кога му раздавал на луѓето наора, паднало некое парченце на земја и отишол лилјакот, та го изел парченцето. Бидејќи била благословена наората од Христос, му никнале крилја и од кај си лазеше и одеше по земја се најде да лета како врапче. Арно ама, пак си лета ноќе, а не дење, чунки така си бил учен уште од деда, прадеда. Бидејќи ноќе било кога ја каснал наората, си останал за ноќно пиле да биди.
Гулабите биле поповчиња (поповски деца) и затоа толку многу пееле во пролет. Арно ама пеењето не им било нешто книжевно, ами со лоша клетва го колнеле попот, татка си, чунки не ги дал на даскал да учат, па сами се проколнале и се сториле гулаби. Еве како велат и како го колнат попот
Ослепел попе
Зошто не ми даде
Книга да учам
Ѓаче да бидам
Врапчето што се вика сипак (тоа е жолто во пердувите и големо колку конопарот). Во зимно време тоа си пеело вака: "сипи, сипи, сип, сип". Така пеело кога било готово времето да врни тивок снег. Штом ќе го чујат луѓето сипакот оти пеј така и ќе чекаат снег и навистина ќе заврнело. А пак истиот сипак во пролет ќе пеел за југот да дувни и навистина штом ќе познаел сипакот дека ќе дувни југот пеел "југ, југ, југ, југ" и ќе дувнело.
Змиите и жабите во зимно време си јаделе земја и така се хранеле и не умирале.
И мечката сеќавала кога ќе паѓал голем снег, ќе се изнајадела јако се што ќе најдела и ќе си влезела во дупката да си лежи дури да се распраи времето. За колку време ќе лежи во дупката, ќе се ранела со шмукањето на своите прсти од рацете и нозете, со тоа живеела дури да се опраи времето и да излезе надвор да си бара јадење.
И зајакот знаел кога ќе се расипи времето и сеќавал кога ќе врни голем дожд или снег, како што знаел петелот и другите животни. Штом сети зајакот оти ќе врни снег, ќе се најади убаво и пред да заврни ќе си појди кај што му е легалото, ќе си ја свие главата кај опашката, та ќе си лежи дури не преврни дождот или снегот. Колку денови да врни, толку тој ќе си лежи гладен и жеден, само и само легалото да не му се наводени. Шест педи макар снег да падни на него, тој нема да стани. Кога ќе сети дека нема веќе да врни, ќе излези од легалото и ќе тргни да си бара јадење.
Мачката молела Бога за да умрат старите што се во куќата за да си седи раат кај огништето, да си ја печи муцката и опашката.
Куче што живее во куќа дење и ноќе молело Бога за Господ да му дај повеќе деца на стопанот и бидејќи децата ќе бидат стално со лебот во рака ќе се храни и тоа покрај нив.
Адаптирал: Барбара Синадиноска
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...