|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

“Грешки” кои ги правиме со новородените бебиња

Редакција Рингераја, 28.1.2023
Никој не знае како да биде родител, се додека не добие бебе. Повеќето родители ќе ви кажат дека правеле погрешни работи во одгледувањето на бебето, бидејќи не знаеле подобро...

image
/11


Еве некои од грешките кои ги прават скоро сите новопечени родители:

 

Нишкање додека не заспијат

Бебињата многу брзо се навикнуваат на работите кои ги правите често. Ако вака почнете да го заспивате бебето, најверојатно така ќе сака и да продолжите и тоа ќе стане навика, од која тешко ќе се ослободите.

 

1

 

Но повторно...кога бебињата се мали нив им треба близината на родителот, бидејќи нишкањето ги потсетува на животот во мајчината утроба. Затоа е најдобро да лежите до него и лесно да го нишкате, додека не заспие.

 

 

Претпоставката дека ако останат будни подолго во текот на денот, ќе спијат подобро во текот на ноќта

Не и не! Тоа може да биде правило за вас, но бебињата не функционираат на овој начин. Всушност колку е бебето поодморено во текот на денот, толку подобро ќе спие во текот на ноќта.

 

2

 

 

Мислење дека бебето е постојано гладно

Ако новороденчето бара постојано да цица, тоа не мора да значи дека е гладно, туку значи дека се чувствува удобно во ваша близина и покрај вашето срце, што му помага да заспие.

 

3

 

За бебето е совршено природно и нормално да заспие на градите на мајката, бебињата тоа го знаат со самото раѓање. Изменете ја нивната навика кога ќе потпораснат и ќе бидат подготвени за тоа.

 

 

Зборување на бебешки јазик

Од моментот кога се раѓаат, бебињата го дешифрираат мајчиниот јазик, подготвувајќи се постепено за развој на говор, па затоа треба да им зборувате на нормален јазик.

 

4

 

Но повторно...Бебињата произведуваат смешни звуци и малку бебешки говор нема да им штети.  Дали сте забележале дека вашиот глас се крева за една октава кога разговарате со вашето малечко? Скоро секој зборува на бебешки јазик и тоа е оној момент кога сите јазици и култури се спојуваат. Но, не правете го тоа пречесто.

 

 

Пречесто бањање

Дали има нешто послатко од мало бебе во сапуница? Но, избегнувајте пречесто бањање на бебето додека е мало, бидејќи водата и шампоните ја сушат неговата деликатна кожа. Бањајте ги преку еден ден во лето и преку два дена во зима, а секој ден мијте му го пределот кој е опфатен со пелени.

 

5

 

Но секако дека кога го бањате може да му направите брада од сапуница. Урааа!

 

 

Држење на бебето глава до глава

Го храневте вашето бебе пред половина час? Дали мислите дека нивното млеко е обврзано да остане во стомачето? Да? Аххх... Ако го држите бебето на овој начин ризикувате да ви поврати во врат.

 

6

 

Но повторно...Овие моменти се она од што е направена иднината. Сигурно дека нема вака да го држите кога ќе наполни 15 години.

 

 

Страв при сечење на ноктите на бебето

Многу често помислувате, додека ги сечете ноктите на бебето, дека ќе му го отсечете прстот. Додека се будни новороденчињата постојано мрдаат со рацете, бидејќи се уште немаат целосна контрола врз екстемитетите. Затоа сечете ги ноктите на бебето додека спие, додека е светло и додека имате очила на себе.

 

7

 

Но повторно...илјадници родители малку згрешиле додека ги сечеле ноктите на бебето и малку потфатиле од неговата кожичка.  Престанете да се чувствувате лошо, тоа нема да предизвика трајни оштетувања на прстето. Малку притиснете и крварењето ќе престане.

 

 

Воведување на цврста храна прерано

Моменталните насоки за хранење на бебето се дека тоа треба да биде на ексклузивно доење до шест месеци. Но родителите воведуваат храна и порано, мислејќи дека на бебето не му е доволно само мајчиното млеко. Имајте на ум дека најдобра храна за бебето е млекото.  Иако варениот морков и јаболко ќе го наполнат неговото стомаче, млекото е многу покалорично и ги содржи сите потребни нутритиенти.

 

8

 

Но повторно...ако мислите дека на бебето му е потребна дополнителна храна пред шест месеци, понудете му и видете како ќе ви оди.  Сепак, продолжете со доење/хранење со адаптирано млеко.

 

 

Добивање портокалова боја на кожата

Откривте дека вашето бебе обожава морков, тиква и портокал. Еден месец подоцна – главата му личи на мала тиква. Тоа е каротинемиа, од сиот тој бета-каротин кој го внесе во организмот. Портокаловата боја на кожата не е добра, направете промени во исхраната.

 

9

 

 

Не верувајте во се што ќе слушнете

Воспитувањето на деца е тешка задача, тоа е нешто што мора да се направи правилно. Затоа многу често ќе добивате совети од стотици луѓе – вашето бебе треба да го прави ова или она, треба да го пробате ова или она, бла, бла, бла. Вие и вашето бебе сте единствени. Дозволете му на детето да ве води и верувајте во себе многу повеќе отколку што им верувате на другите. 

 

10

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Најубави мисли за бебињата
Најубавите, некогаш кажани, мисли за бебињата. Ќе Ве разнежнат...
7
10 вкусни овошни кашички за бебе
Направете сами сладок оброк за своето бебе! Домашните кашички се повкусни, поздрави, поевтини. Еве неколку предлози...
4
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Дали знаете дека...
Коските некогаш престануваат да растат?
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?