Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
При прегледот на резултатите од 24 студии, кои вклучуваат 4.473 учесници, не се најдени докази дека сокот од брусница, или неговите додатоци, може да се користат за спречување на инфекции на мочниот меур и бубрезите.
Циститисот е жестоко воспаление на мочниот меур и обично е предизвикано од инфекција на уринарниот тракт. Тоа, исто така, може да биде предизвикано и од иритација при сексуален однос, што доведе до псевдоним на оваа болест – “болест на медениот месец”. Со децении безброј жени користеле брусница, како сок за лекување на благ циститис, или за да спречат појава на инфекции.
Експертите сугерираат дека состојките во брусницата може да го спречат лепењето на бактериите на ѕидовите на уринарниот тракт. Бројни веб сајтови и многу лекари ги охрабруваат жените, кои страдаат од циститис, да се обидат со брусница, која може да им помогне, а никако да им наштети.
Некои од новите студии покажаа “мали бенефиции” за жените кои страдаат од инфекции на мочните патишта. Сепак, авторите нагласија дека тие бенефиции не биле статистички значајни. Жените би требало да консумираат по две чаши сок од брусница секој ден, во текот на подолг временски период, за да спречат инфекција.
Главниот истражувач Dr Ruth Jepson, од University of Stirling in Scotland, рече “Сега кога ги обновивме и соединивме сите истражувања, резултатот е дека сокот од брусница е дури и помалку од ефикасен во превенција од воспаленија на мочните патишта, отколку што беше прикажано во извештајот од последното истражување. Ние не можеме да видиме посебна потреба од повеќе студии за сокот од брусница, бидејќи поголемиот дел од постојните студии укажуваат дека придобивка е мала”.
Press Association
5
5
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Кога да направите домашен тест за бременост?
Домашниот тест за бременост е едноставен и брз начин да проверите дали...
Предности на индуцираното породување
Индуцираното породување е медицинска постапка со која лекарите го потт...
Кога парот се обидува да добие бебе, често се поставува прашањето: дал...
Дали денот на овулација е најплодниот ден?
Денот на овулацијата се смета за еден од најплодните денови во менстру...
Што е анксиозност во бременост?
Анксиозноста во бременост е состојба на зголемена грижа, напнатост и с...