Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Најчести причинители на инфекциите на горните дишни патишта се многубројните вируси кои се шират низ воздухот преку ситни, невидливи капки од устата и носот на заболените, во околината. Во ладните денови повеќе се престојува во затворени простории, па концентрацијата на микроорганзмите во воздухот е значително поголема отколку во лето. Заради тоа ретко кое доенче, или мало дете не е настинато. Прв симптом по правилоп е – затнато носе.
Дали кивањето претставува вовед во настинка?
Кивањето не значи дека задолжително ќе се појави кивавица. Бебето кое кива не значи дека е настинато. Кај новороденчињата квањето може да значи реакција на некоја силна дразба, на пример силна светлина. Доенчето кива и кога му е ладно. Ако набрзо не го загреете, може да настине.
Како правилно да го исчистите секретот од носот на бебе?
Во првата година од животот носот се испира со физиолошки раствор (0,9% раствор од кујнска сол во стерилна вода). Бебето ставете го со грбот легнато на подлога, во висина која најмногу Ви одговара (најдобро околу 80 cm.) Ако е во прашање постаро доенче, тоа ќе дава отпор на вашите обиди да му ставите било што во носот. за да не го повредите многу е важно добро да го држите. Ставете од растворот во двете ноздрви на бебето. Ако бебето кивне после тоа, избришете го со пелена или марамче. Во спротивно аспирирајте го'со аспиратор или со мала пумпица за нос.
Аспираторот се користи така што едниот дел го ставате во носот на бебето, а другиот дел во својата уста и повлекувате. Потоа на ист начун ја чстите и другата ноздрва. Доколку секретот е густ почекајте да неколку минути откако ќе ставите физиолошки раствор додека омекне, а потоа аспирирајте. По чистењето на носето, направата која ја користевте расклопете ја на делови, добро измијте ја со топла вода и детергент за садови и оставете ја да се исуши. Немојте да ја вриете, бидејќи таа пластика не трпи висока температура, а и не е потребно ако ја користи само едно дете. Можете да ја дезинфицирате со шумливи таблети на база на активен кислород, кои служат за ладна стерилизација.
Дали е дозволено носето на бебето да се чисти со стапчиња за уши?
Само надворешно! Но тоа не е доволно за ифрлање на секретот од внатрешноста.
Дали на бебето кое има затнато носе треба да му се даваат антибиотици?
Обичната настинка секогаш е предизвикана од вирус, кој е имун на антибиотици, така што не е потребно да давате. Доколку редовноп го чистите носето, настинката ќе помине за 7 дена. Иако постојат капки за нос за возраст над шест месеци, треба да се избегнуваат во првата година освен ако лекарот не одреди поинаку. Испирање на носот со физиолошки раствор е дозволено во сите возрасти. Доколку бистриот секрет се замати и стане густ и зелен, состојбата се комплицира. Тоа може да биде причина за воведување антиботска терапија, за што одлучува лекар. Ако се развијат компликации, најчесто лекувањето завршува со антиботик.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Заздравување од ушна инфекција кај децата
Инфекциите на увото се една од најчестите здравствени состојби кај дец...
Водич за подготовка на домот по породување
Породувањето е еден од најубавите, но и најпредизвикувачки моменти во ...
Чисти површини, посигурен живот
Чистењето на домот не е само естетика. Тоа е инвестиција во здравјето,...
Што да јадете кога водата не ви е доволна?
Хидратацијата најчесто ја поврзуваме со пиење вода, но телото ја добив...
Сите имаме денови кога ништо не оди според планот, а најлесниот начин ...