Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Зошто целулитот се јавува во бременоста?
Целулитот се јавува како резултат на недоволно движење, неправилна исхрана (зголемено внесување маснотии и јаглени хидрати), стрес, а во бременоста исто така заради хормонални промени во тој период, но и поради зголемено лачење на адреналин.
Обично, жените имаат проблем со целулит дури и пред да забременат, но со оглед дека е неизбежно да се добие тежина во овој период, масните наслаги ќе се зголемат, па појавата на кора од портокал ќе биде повидлива.
Дали целулитот е опасен за бремена жена или бебе?
Нема докази дека целулитот може да го загрози вашето здравје, затоа што ова се места на телото каде се депонираат само маснотии, а секоја жена се соочува со тоа. Сепак, жените честопати се чувствуваат несигурно заради целулитот, па тоа е и главната причина зошто сакаат да се ослободат од него што е можно поскоро.
Бидете подготвени за овие промени во вашето тело да ве следат во текот на целата бременост, но и по породувањето.
Може ли целулитот да се спречи за време на бременоста?
Иако постојат различни методи за отстранување на целулитот што можете да го користите само кога престанувате со доењето, доколку не сте го имале овој проблем пред бременоста, најдобро е да следите неколку основни правила, кои треба да се применуваат:
• Исхраната е секако најважната работа. Избегнувајте заситени масти и шеќери. Веројатно ќе сакате да изедете големо парче чоколадна торта и да помислите дека ништо не може да ви се случи од едно парче, но за да ја постигнете вашата цел, треба да бидете доследни и да изберете здрава алтернатива.
• Детоксикацијата игра важна улога во ослободувањето на телото од токсини кои се една од причините за целулитот. За таа цел, најдобро е да консумирате многу овошје, зеленчук и вода и да избегнувате храна која содржи адитиви, сол, вештачки засладувачи, кофеин и алкохол, што секако не се препорачува за време на бременоста.
• Вежбањето е многу корисно. Се разбира, вие одлучувате за начинот на вежбање врз основа на разговор со лекар, кој ќе ви каже колку и кои вежби се безбедни за вас и вашето бебе. На крајот на краиштата, прошетката исто така може да биде корисна.
• Не се препорачува масажа за сите делови од телото. Ако сакате да одите на антицелулитна масажа за време на бременоста, ограничете се на нозете и рацете, а стомакот никогаш не треба да се масира. Исто така, секогаш барајте луѓе кои се обучени да масажараат бремени жени.
• Релаксацијата е многу важна за идните мајки, бидејќи стресот може да биде една од причините за целулитот. Опуштете се и слушајте музика во која уживате кога и да имате време за тоа, или оставете го тоа да ви биде ритуал за спиење. Оваа релаксација на мускулите и целото тело ќе ве задоволи и вас и вашето бебе.
Може ли да користам антицелулитни креми за време на бременоста?
Антицелулитните креми треба да се избегнуваат додека сте бремени, но и подоцна, додека доите, затоа што многу штетни состојки содржани во овие препарати се апсорбираат во крвотокот преку кожата. Добрата вест е дека со правилна диета и умерено вежбање, целулитот може да се намали.
Дали се дозволени козметички третмани за отстранување на целулит за време на бременоста?
Додека сте бремени и сè додека доите, избегнувајте козметички третмани кои ги отстрануваат целулитот (мезотерапија, ласер, масажа на стомакот). Исто така, треба да бидете внимателни со кремите и препаратите што содржат состојки кои можат да бидат опасни за бремените жени.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Најдобар секс за забременување
За да се забремени мора да се поклопат повеќе работи, но во секој случ...
Повеќето жени по породувањето очекуваат дека стомакот ќе им се врати в...
Изградете врска со бебето во стомакот
Онаа посебна врска меѓу мајката и бебето, за која сите знаеме дека не ...
Дали амниоцентезата ќе му наштети на плодот?
Амниоцентеза претставува дијагностичка метода која дава важни информац...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Бебе.
Admin
За долниот дел на вашето бебе, дали користите само крем или само пудра или и двете во исто време?