|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто е важно месото во детската исхрана?

Редакција Рингераја, 11.2.2014
Со воведувањето на месо во исхраната на бебето ќе се задоволат неговите потреби за железо, цинк и многубројните минерали кои се важни за јакнење на имунитетот
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Заради полесно варење, во исхраната на доенчето од 8 месеци најпрво се воведува бело пилешко месо и бело месо од млади животни.

Месото е многу важен извор на белковини со висока биолошка вредност, кои на детето му се потребни за изградба  на ткивата и органите. Тоа содржи есенцијални аминокиселини, кои се важни за правилен раст, развој и созревање на детето, а кои организмот не може сам да ги синтетизира. Затоа е потребно навреме да се внесе во исхраната на бебето.

Како последица на недостатокот на железо во организмот на бебето може да се појави сидеропенична анемија. Таквиот вид на анемија може да се спречи со воведување на продукти, како што е месото, кои го снабдуваат организмот со железо. Месото е важен извор на железо и тоа во облик кој организмот го искористува подобро од железото од зеленчукот, овошјето, житариците или млечните производи, а апсорпцијата му се подобрува во комбинација со производи кои се богати со витамин Ц.

 

Кога да се воведе бело, а кога црвено месо?

Најчеста родителска грешка во исхраната на децата е стравот од воведување на црвено месо.  Месото  е извор на витамини од групата Б, потребни за извршување на секојдневните активности, посебно витамин Б12 кој го нема во продуктите од растително потекло, а е неопходен за изградба на црвените крвни клетки и работата на нервниот систем.

Заради лесно варење во дохраната на доенчето од 8 месеци прво се воведува белото месо (пилешко, мисиркино) и месото на млади животни (телешко, јагнешко). Темното месо најчесто се воведува по 9. месец,  додека црвеното месо (јунешко и говедско) се препорачува по првата година.

 

Подготовка на месни оброци за бебе

Во почетокот месото треба да се дава блендирано, потоа пасирано и на крај ситно сецкано. Идеално е во комбинација со зеленук (кој детето веќе го има јадено), бидејќи така полесно ќе го прифати и голтне.  Можете да го сервирате и со житарици, кои ќе обезбедат доволна количина на влакна, потребни за регулирање на столицата. Во текот на подготовката на месото препорачливо е да се додаде растително масло (маслиново, сончогледово) кое е носител на витамините А, Д, Е, К и на масни киселини. Солта не е препорачлива во подготовката на оброците.

Важно е секогаш да одберете свежо месо со највисок квалитет. Заради тоа обрнете внимание на местото од каде купувате.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Промени на телото по породувањето
По породувањето, телото на жената поминува низ голем процес на опоравување и адаптација. Овие промени се природни и пост...
4
8 позиции со кои ќе го олесните доењето
Доењето може да биде предизвик за секого, но овие пози за доење можат да ви помогнат да започнете одлично
4
Maple Syrup Urine Syndrome кај доенчиња
Maple Syrup Urine Syndrome (MSUD) е ретка, но сериозна генетска метаболичка болест која се манифестира уште кај новороде...
4
Колку сон губиме во првата година со бебе?
Првата година со бебе е една од најубавите, но и најисцрпувачките фази во животот на родителите. Една од најголемите про...
4




Анкета

Капење бебе.
пеперутка16

Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)