|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зимско мени за децата

Редакција Рингераја, 19.1.2021
Ниските температури го принудуваат детскиот организам да работи со двојно повеќе енергија, за да се компензираат енергетските загуби намалувањето на способноста на отпорност кон различните инфекции.

image
/11


Mногу e важно во овој период правилно да го храните Вашето дете.

Што да му сервирате?

 

Свежо овошје и зеленчук

Зимата е сезона во која е значително долго отсуството на свежо локално овошје, кое е главен извор на витамин Ц, фолна киселина, каротин и некои минерални соли (главно калиум). Сепак пазарот нуди изобилство од увозно овошје и зеленчук. Се разбира дека превозот, нивното неправилно складирање доведуваат до загуба на вредните хранливи материи (особено витаминот Ц). Друг недостаток е што не ги поседуваат вообичаениот вкус и арома, заради вештачкиот начин на кој се одгледуваат. Заради тоа, од особена важност е да ги миете со топла вода пред употреба.

 

Овошје


Портокали и мандарини – тоа е нашето зимско овошје. Во земјите каде ова овошје се одгледува, сезоната на зреење настапува во пресрет на нашите новогодишни празници. Затоа се најскапи во овој период (во лето се обично од минатата сезона и не вреди да се купуваат). Меѓу најголемите заслуги на цитрусното овошје се вбројува и присуството на биофлавоноидот – инозит, кој делува поволно на нервниот систем и ја подобрува работата на желудникот.  Свежо цедените сокови од цитрусни овошја се корисни доколку се консумираат по најмногу 10-15 минути по нивната подготовка, бидејќи Витаминот Ц многу брзо се распаѓа.

Голем недостаток на цитрусните овошја е тоа што се големи алергени, па се исклучуваат од употреба кај алергичните деца.

Банани – тие исто така го зацврстија своето место во детската исхрана и тоа преку целата година. И покрај тоа што не содржат витамин Ц како цитрусните овошја, сепак содржат каротин и калиум. Не се препорачуваат кај деца со прекумерна тежина.

Урми – тие се извор на Витамин Ц, но се премногу слатки и не се препорачуваат кај деца со прекумерна тежина. Внимателно треба да се пристапи и кај деца склони на алергија.

 

Зеленчук

Се разбира, најпопуларниот зеленчук во зимскиот период е компирот, кој исто така е извор на Витамин Ц. Иако не е лидер во зеленчуците кои го содржат овој витамин, сепак на организмот му ги задоволува потребите од аскорбинска киселина и содржи многу калиум.

Зелка – извор на витамин Ц, биофлавоноиди и големо количество на целулоза. Киселата зелка е рекордер во присуството на витамин Ц. Таа може да се дава на дете кое навршило 3 години, во вид на салата.  Сепак, треба да се земе во предвид дека киселата зелка содржи материи кои може да бидат алергени за некои деца, бидејќи во процесот на ферментација се појавуваат габични алергени.

Морков – содржи големо количество на каротин и целулоза. Каротинот се апсорбира подобро при термичка обработка, отколку сиров.

Кромид и лук – во зимската сезона овие зеленчуци имаат најголемо значење за здравјето на децата. Благодарение на антибактериските својства, тие се незаменливи во периодот на пораст на болестите. Нивното консумирање е дозволено по првата година од животот на бебето. Лукот и кромидот може да се додаваат во подготовката на супи и готвени јадења. Количеството треба да биде минимално, за да не се чувствува вкусот во храната. Овие принципи треба да се почитуваат се додека детето не наполни три години, а потоа може да се даваат и во сирова состојба во салата или во оброкот...

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Календар на вакцинација
Вашето дете треба да се вакцинира за да неговиот организам стекне имунитет на некои од тешките заразни болести. Вакцинат...
4
Новороденче: 10 најчести прашања на родите...
Кога ќе се роди бебе, животот на младите родители се менува. Тие го сакаат само најдоброто за своето бебе, имаат илјада ...
3
Рецепти за први оброци на бебето
После 17-тата недела, односно после наполнети 4 месеци од животот, време е за воведување на нови намирници и дополнителн...
3
10 најголеми грешки при заспивање на дете
Дали имате проблем да го заспиете вашето дете и се буди во текот на ноќта? Прочитајте некои од најчестите погрешни чекор...
3




Анкета

koe imence e najubavo spored vas?
Tanja84

please help koe e najubavo ime

Vladimir (11%)

Jovan (16%)

Petar (29%)

Matej (44%)


Број на сите гласови: 325

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!