vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
И оваа година публиката ќе има можност на едно место да се информира за најновите типови на програми за вежбање, да дегустира и припрема вкусна, здрава и органска храна, да испроба голем број на спортски и фитнес активности, да проба разни третмани, масажи, природна органска козметика, суплементација, како и да добие совети за подобро здравје од врвни специјалисти и при тоа - максимално да се забавува.
Над 50 учесници од областа на здравјето, фитнесот и велнесот на посетителите ќе им понудат разни промоции, дегустации, наградни игри и многу други изненадувања, како и богата интерактивна и едукативна програма со преку 30 работилници, тренинзи, настапи и предавања. Оваа година настанот е збогатен и со Kids Corner, катче специјално наменето за најмладите, каде секојдневно ќе има пет часовна програма со разни работилници, како за подобрување на моторичките вештини, така и за поттикнување на здрави навики од најмлада возраст, но и разни едукативни активности.
Секогаш во чекор со светските трендови и новитети, за прв пат во Македонија ќе имаме прилика овозможена од Спорт Инн центарот, да видиме што е Slackline. Настанот ќе го отвори Карлос Мерајо Гарсија, кој е трократен првак на Шпанија во slackline и е рангиран во топ 10те во Светот. Не го пропуштајте големото отворање на 23.09.2016 од 17:30 часот во Хотел Александар Палас, единствена можност во живо да се дружите со Карлос Мерајо Гарсија и да пробате Slackline!
Водени од идејата дека здравиот животен стил не познава граници, го креиравме овој настан со цел да понудиме квалитетна содржина и да ги анимираме од најмладите до највозрасните посетители, без разлика дали професионалци или рекреативци и ентузијасти, настанот е наменет буквално секој кој се води по мотото "во здраво тело - здрав дух" и се грижи за своето здравје и благосостојба.
Погледнете го ова видео за да се потсетите на атмосферата на првиот HFW Expo и следете го настанот на Facebook, како и нашата фан страна, за да бидете во тек со програмата, изложувачите и сите промотивни активности, натпревари и наградни игри кои ќе се одвиваат пред и за време на настанот.

2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Седењето, лазењето, фаќањето играчка, одењето и трчањето се само дел о...
Како лекарите ги пресметуваат неделите на бременост?
Неделите на бременост не се бројат од денот на оплодувањето. ...
Кога започнуваат симптомите на ПМС?
Промените во расположението, надуеноста, чувствителните гради и зголем...
Зошто бебињата се напрегаат и испуштаат звуци?
Грчењето, стенкањето и напрегањето кај бебињата често ги загрижуваат р...
Од играчки до чорапчиња, зошто бебето става сe во уста?
Од играчки и прсти до ќошиња од ќебенца за бебето устата е еден од нај...