Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Ова прашање е поставено од страна на Д-р Џулијан Савулеску, академик на Оксфордскиот универзитет на месечната конференција за напредоците во медицината.
Савулеску смета дека генетската селекција е подарок за идните генерации.
"Бидејќи денес знаеме дека многу карактерни црти, здравствената состојба и однесувањето се вo голема мера решени од страна на одредени гени, нашиот капацитет за контрола и тестирање на овие гени се зголемува секој ден. Ако можеме да ги детектираме и зачуваме особините како алтруизам добра меморија, емпатија, а да ги отфрлиме гените поврзани со депресија и насилство, како и генот воин МАОА – кој исто така ќе биде обележан во процесот, ќе им овозможиме на родителите да имаат совршени потомци.
Иако ембрио-скринингот е нелегална операција во моментот, дали не е тоа најрационалното нешто што треба да го направиме? Ако имаме моќ да интервенираме во карактерните црти на нашиот пород, наместо тоа да го оставиме на природната лотарија – тогаш треба да го направиме тоа."
Според филозофијата на Савулеску на сите родители треба да им се понуди генетска слика за пропустите на нивните неродени деца.
"Откако ќе бидат отстранети недостатоците како алкохолизам, психопатија и насилни тенденции, ќе биде направено супериорно општество во кое ќе биде помала веројатноста луѓето да си наштетат себеси и на другите."
Неговата последна изјава кажува се:
“Без разлика дали ни се допаѓа или не, иднината на човештвото е во наши раце. Наместо да се плашиме од генетиката, сега можеме да ја моделираме.”
Да, можеме да направиме подобро општество. Можеме да бидеме добри родители на нашите деца. Можеме да ги научиме на емпатија и алтруизам и како да ги контролираат своите импулси. И додека се трудат да го дадат најдоброто од себе можеме да ги сакаме најмногу што можеме повеќе. Бидејќи дизајнираната перфекција е опасна и досадна.
Какво е Вашето мислење?
15
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како физичката форма влијае на зачнувањето?
Кога се зборува за плодноста, често се мисли на хормоните, овулацијата...
Навики што е добро да ги промените пред бременост
Подготовката за бременост не започнува дури откако ќе се појават двете...
Можни фактори на ризик за аутизам во бременоста
Кога се зборува за аутизам, едно од најчестите прашања на идните родит...
Што значи кога ќе пукне водењакот?
„Пукна водењакот“. Реченица која многу идни мајки ја замислуваат како ...
Кога детето треба правилно да ги изговара сите букви?
„Дали е нормално моето дете сe уште да не го изговара правилно Р?“ или...