|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Витамин вреден злато – витамин Ц

Редакција Рингераја, 16.10.2021
Сигурно многу пати сте слушнале дека витаминот Ц е важен за здравјето на организмот.. Но знаете ли зошто? Која е улогата на витаминот Ц и која е оптималната количина која треба да ја консумирате дневно?
Клучни зборови:

image
/11


Физиолошки функции на витаминот Ц

Витаминот Ц, познат и под називот аскорбинска киселина, припаѓа на групата витамини кои се растопуваат во вода. Тој е еден од најиспитуваните витамини и прв витамин кој е создаден синтетички.

За влијанието на витаминот Ц во синтетичките процеси се знае многу. Општо позната е користа на витаминот Ц во борбата против сезонската настинка и грип, но помалку е познат фактот дека витаминот Ц, од сите хидросолубилни витамини е најсилен антиоксиданс.

Освен во намалувањето на оксидативниот стрес, витаминот Ц учествува и во цела низа исклучително  важни физиолошки функции;

  • Есенцијален витамин  во создавањето и одржувањето на колагенските ткива. Учествува во создавање, раст и обнова на коски, 'рскавици и тетиви.
  • Учествува во синтезата на трансмитерите и игра важна улога во одржување на функцијата на мозокот.
  • Учествува во синтеза на карнитинот и на тој начин овозможува претворање на масното ткиво во енергија.
  • Ја зголемува успешноста на апсорпцијата на железо.
  • Учествува во синтезата на важните ензими.

 

Оптимална доза на витамин Ц

Долготрајниот недостаток на витамин Ц се манифестира со замор, губење на апетитот, нервоза, па дури и невролошки пореметувања како депресија, па го прави организмот подложен за бројни инфекции. Потполниот недостаток на витамин Ц резултира со крварење на непцата, отпаѓање на забите, отекување на зглобовите и кршливост на коските – болест позната под називот скорбут.

Порано, препорачаната доза на витамин Ц изнесувала 60 мг. Денес таа граница е поместена на 75 – 90 мг. дневно, зависно од тоа дали се работи за маж или жена. Но бидејќи за превенција од заболувања е потребно десет пат повеќе витамин Ц од препорачаната дневна доза, научниците сериозно размислуваат за зголемување на препорачаната доза од 100 мг. на 200 мг. дневно.

 

Витаминот Ц и заболувањата

Во есен и зима се зголемува свеста за користа од витаминот Ц. Без оглед на тоа дали се работи за вирусна  или бактериска инфекција, витаминот Ц игра важна улога во зацврстување на имунитетот.

Во периодот на настинки ии грипови, витаминот Ц им помага на леукоцитите во борбата против предизвикувачот на инфекции. Иако не лечи настинка и грип, витаминот Ц го скратува времетраењето на болеста и ги ублажува симптомите.

Витаминот Ц делува како природен антихистаминик, во дневни дози меѓу 1 и 2 грама, па е пожелно да се дава при лечење на алергија.

Исто така постојат повеќе истражувања кои ја потврдуваат користа од зголемено внесување на витамин Ц при регулација на холестерол, дијабетес, срцеви болести и канцерогени заболувања.

 

Извори на Витамин Ц

Витаминот Ц е неопходен за зачувување на здравјето и нормалното функционирање на организмот. Најдобро е да се внесе во организмот со разновидна исхрана. Најбогати извори на витамин Ц се свежото овошје и зеленчук, а исто така го има и во школките.

Цитрусни овошја како портокал (50мг./100 гр.), лимон (40 мг./100 гр.) и цитрон (30 мг./100 гр.) се најпознатите и најквалитетни извори на витамин Ц. Исто така шипката (2000 мг./100 гр.) е најбогатиот извор на витамин Ц од овошја и магдоносот од зеленчук (130 мг./100 гр.)

 

Овошје и зеленчук со големи количини витамин Ц

 

Овошје                                                                    Зеленчук

шипка                                                                  магдонос                           

киви                                                                     црвена пиперка

рибизли                                                                брокула

папаја                                                                  спанаќ

црна рибизла                                                        кељ

цитрусни овошја                                                    компир

 

Витамин Ц во додатоците за исхрана

Иако е широко распространет во производите кои секојдневно ги консумираме, често се случува потребите за витамин Ц да не се задоволуваат во редовната исхрана. Причините се различни: од слаб квалитет на производите и губење на витаминот Ц при термичка обработка, до едноличен избор на производи. Исто така, на недостатокот на витаминот Ц влијае и неможноста на човечкиот организам да го складира и користи според потреба витаминот Ц.

Иако хипервитаминозата е многу ретка состојба, предозирањето со витамин Ц се препознава по симптомите на стомачни тегоби како што се пролив, мачнина и болки во стомакот. Доколку се појави некој од овие симптоми, потребно е да се намали дневната доза.

Пред земање на витамин Ц како додаток во исхраната, потребно е да се консултирате со лекар, посебно ако имате дијабетес и проблеми со бубрезите.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Стриите избледуваат со помош на мајчино мл...
Дали сте слушнале за ваков обид – избледување на стрии со мајчино млеко? Звучи по малку смешно а можеби се работи за нач...
4
Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
3
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
3
Зимско мени за децата
Ниските температури го принудуваат детскиот организам да работи со двојно повеќе енергија, за да се компензираат енергет...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?