Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Бебето дома се среќава со нова средина, па е многу важно просторот каде престојува да биде чист и удобен, воздухот да не е задушлив и да не биде претерано топло.
Температура во собата
На нашите климатски услови, на бебињата најмногу им одговара температура од 22 степени, кога бебето е облечено и околу 24 степени кога бебето се капе. Ако се грижите дека на бебето му е ладно, допрете му ги рачињата и ножињата, па ако се ладни, тогаш му е ладно, ако се топли, значи дека му е пријатно.
Ако бебето има покачена температура, без други знаци на болест (37,5), црвено е на лицето и се поти, значи дека му е претопло. Разладете го на тој начин што ќе го облечете во полесна облека, ќе му дадете малку вода или чај и ќе ја намалите температурата во просторијата. По капењето на бебето ставете му капче, бидејќи топлината најлесно се губи преку главата, но нека му стои само пола час или еден час по капење.
Прва прошетка
Ако бебето добро напредува и не е болно, кога ќе наполни 40 дена можете да го прошетате на кратко. Немојте да се плашите дека ќе се разболи, ниту да чекате пролет за да го прошетате. Педијатрите тврдат дека бебето побрзо ќе се разболи во затворена просторија во која вирусите се размножуваат најлесно.
Бебето треба да се навикне на надворешната средина што поскоро, но најважно е да биде адекватно облечено и заштитено. Ставете му скафандер, или ставете го во вреќичка. Немојте да го изнесувате бебето надвор ако дува ветар или врне снег или дожд.. Бебињата се изнесуваат надвор по 40 дена, бидејќи тогаш созрева центарот за терморегулација во мозокот, па бебето можете да го изнесете надвор дури и ако температурата е неколку степени под нулата.
Настинка
Зимските бебиња ќе настинат побрзо од бебињата родени во лето. Тоа не треба да Ве загрижува, освен ако не се случи во првиот месец од животот, бидејќи бебето сеуште нема изграден имунитет. Мајките често се грижат дека ќе го заразат бебето ако се настинати, но педијатрите тврдат дека настинката на мајката не е опасна за детето, бидејќи бебињата се заштитени преку мајчиното млеко. Сепак, ако имате грип, потребно е да го доите бебето со маска, почесто да ги миете рацете и да избегнувате контакт со бебето по доењето. Болеста на други лица е многу поопасна за бебето, затоа почекајте барем 40 дена пред да почнете да примате посета дома.
Ако бебето има затнато носе, но добра општа состојба, нормално цица и спие, чистете му го носето со физиолошки раствор и следете како се однесува. Сепак, бидете претпазливи, бидејќи кај малите бебиња и безначајните инфекции можат да се пренесат на увото или дишните патишта и тогаш е неопходна помош од педијатар. Лекарите советуваат децата помали од шест месеци да не се вакцинираат против грип. Затоа, кога е сезоната на грип, новороденчето ќе го заштитите така што ќе избегнувате непотребни контакти со луѓе во затворен простор.
Интересни истражувања
Според истражувањата, зимските бебиња се помалку активни во однос на бебињата родени во лето и се по склони на песимизам. Ваквите резултати научниците ги толкуваат со недостатокот на дневна светлина во зимските месеци, што може да допринесе децата да бидат со променливо расположение, почесто да страдаат од алергии предизвикани од недостатокот на Витамин Д и да имаат по бавен биолошки часовник.
Меѓутоа, постојат и истражувања кои покажуваат дека бебињата родени во зима се ментално поспособни од бебињата родени во лето. Овие разлики се толкуваат со различната исхрана на мајката. Имено, мајките на бебињата родени во зима јадат повеќе свежо овошје и зеленчук, а вишокот на хормони кои се лачат заради дневната светлина поволно влијаат на формирањето на фетусот.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Кој стои зад успешноста на Shea Homemade?
Зад успешноста на Shea Homemade стоиме јас, мојата сестра и мојата мај...
Природен избор за мирен сон на вашите малечки
Нема ништо поскапоцено од мирен сон за нашите најмaли, кој е основа за...
Што треба да знаеме кога купуваме суплементи
При купување на суплементи, есенцијално е да го разбереме значењето на...
Чекор кон полесно забременување!
Отсуството на информација за плодниот период во месечниот циклус на же...
Дали болната овулација е нормална?
На сите жени им се познати грчевите, главоболката, надуеноста, запекот...
.
пеперутка16
.