|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Која храна не се препорачува во првата година?

Редакција Рингераја, 4.4.2023
Постојат намирници кои не се препорачуваат сe додека бебето не наврши барем една година. Дигестивниот систем на бебињата во овој период сe уште се развива и може бурно да реагира на некои состојки, а исто така постои и опасност од алергиска реакција
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Еве кои се намирниците што не се препорачуваат во првата година:

СОЛ

Солта може да ги оштети бубрезите на доенчето.

ШЕЌЕР

Шеќерот може веднаш да предизвика кариес на нежните нови запчиња.

МЕД

Не само што медот содржи шеќер, туку може да содржи и спори од Clostridium Botulinum, сосема е безопасно за возрасните, но кај бебињата може да предизвика опасна болест – ботулизам.

БЕЛКИ И МЕКО ВАРЕНИ ЈАЈЦА

Често се појавуваат некакви знаци на сензибилитет на јајца, имено белките можат да предизвикаат алергиска реакција, па затоа повеќето педијатри препорачуваат јајцата подоцна да се вклучат во исхраната.

СВЕЖО СИРЕЊЕ И КРАВЈО МЛЕКО

Кравјото млеко содржи голема количина на белковини и минерали кои предизвикуваат зголемено осмотско оптоварување на бубрезите. Тоа има премалку од неопходните масни киселини и премалку железо, кое слабо се апсорбира во дигестивниот систем, а може да предизвика оштетување на слузницата на дигестивниот систем и слабокрвност, поради големата концентрација на лактоза може да предизвика интолеранција кон истата.   

МОРСКИ ПЛОДОВИ

Иако вашето бебе сигурно нема да јаде јастог за вечера, сепак треба да имате на ум дека морските плодови често предизвикуваат алергиска реакција ако прерано се вклучат во исхраната.

ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ

Јаткастите плодови, како и производите кои ги содржат (смоки итн.). можат исто така да предизвикаат алергиска реакција.

ЈАГОДИ

Јагодите се киселкасти и тоа ги прави тешки за малите бебешки стомачиња, а воедно и од сите шумски плодови се најчести причинители на алергиска реакција.  

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Првиот јазик на бебето
Бебешката насмевка – таа мила, искрена и топла експресија што ги топи срцата често изгледа како едноставен гест. Но зад ...
4
Фото: Ешли Грам гола го дои своето бебе
Plus size моделот Ешли Грем се фотографира гола за магазинот Elle како го дои своето бебе
4
Домашни обврски со бебе?
Кога сте родител на бебе, секојдневните обврски стануваат вистинска мисија. Самото подготвување ручек или фрлање ѓубре п...
3
Како да ги изберете вистинските пелени за ...
Од првите денови по раѓањето, пелените стануваат дел од секојдневниот живот на вашето бебе. Но изборот на прави пелени н...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali vednas zabremenivte?

Da (0%)

Ne (0%)

Po mal period da (0%)


Број на сите гласови: 0

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!