Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Дека солта не е само зачин се знаело уште од дамнина, кога е забележано дека рудниците со сол и солените пештери имаат позитивен ефект врз проблеми со дишните патишта и дека рударите во рудниците со сол не заболуваат од болести на белите дробови.
Забележано е подобрување на резултатите на спиронометрија (испитување на издувната моќ на белите дробови) што е научно докажано. Исто така добри резултати се постигнуваат и при воспаление на ушите , како и кај воспаление на крајниците, кога благодарение на дејството на солта е избегната операција. Солената соба имитира природен рудник на сол или морска област, каде воздухот е богат со микрочестички на сол.
Подобрување на физичкото здравје
Во градовите во кои загадувањето на воздухот е на високо ниво, има далеку повеќе лица заболени од астма отколку во селата, односно местата во кои има повеќе негативни јони – бидејќи тие се регенерираат, како и во близина на водоскоци и водопади. Терапијата во солена соба е благотворна при упорно воспаление на синусите, бронхитис, бронхопнеумонија и бронхијална астма. Делува на искашлување и одлепување на секретот од белите дробови и влијае на обновување на слузокожата на дишните патишта. Меѓутоа, таа не смее да биде замена за лековите, туку служи како дополнување на фармаколошката терапија.
Здравје од солта
Солта е супстанција витална за преживување, бидејќи ја регулира содржината на течности во телото. За да може водата да да го исчисти токсичниот отпад настанат со процесите на метаболизам, таа мора да допре до клетките. Солта го врзува делот од водата кој останува вон клетката и ја балансита количината на течности. Од рамнотежата на вода во и вон клетката, зависи и човековото здравје.
За разлика од прошетката покрај море, каде инхалацијата со сол е влажна, во солената соба инхалацијата со сол е сува. Честичките сол кои се инхалираат, излегуваат од халогенераторот, кој ги меле до одредена величина и ги издувува во просторијата. Доволно ситните честички на сол имаат детоксикациско дејство.
Идеална микроклима
Солената соба е обложена со сол (околу два и пол тони камена сол), од сите страни а лековитата микроклима се постигнува со издувување на сув, заситен воздух, богат со најфини честички на камена сол. Така се добива стерилна средина, во која не опстојуваат бактерии и вируси.
3
3
2
2
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Што ја одредува успешноста на ин витро оплодувањето?
Ин витро оплодувањето (ИВФ) е напредна медицинска процедура што на мно...
Опоравување по царски рез - чекор по чекор
Царскиот рез е хируршка интервенција, но и почеток на ново животно пог...
Анксиозност за време на ПМС и менструалниот циклус
Анксиозноста поврзана со предменструалниот синдром (ПМС) и самиот менс...
Кога децата почнуваат да одат? Што е нормално?
Првите чекори на детето се еден од најочекуваните моменти за секој род...
Габични инфекции во бременост. Што е безбедно?
Габичните инфекции се честа појава во бременоста, особено поради хормо...