Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Да се организира семејството , работата и децата е тешка работа за сите родители, но посебно е тешко за сите самохрани родители, бидејќи немаат до себе партнер кога би требало да се појават на две места.
Да се биде самохран родител е најчесто тешко и стресно, без оглед на фактот дали родителот сам решил да се разведе, односно дали одлуката сам ја донел да го одгледува детето или станал самохран родител поради смрт или напуштање од страна на другиот партнер или пак поради некоја друга причина.
Без оглед на се, самохраните родители се среќаваат со многубројни проблеми одеднаш, од кои некои се очекувани, а некои не. Често се прашуваат дали некогаш повторно ќе бидат среќни, опуштени и ќе имаат контрола врз сопствениот живот. Некои можат да бидат толку изненадени од новата ситуација при што стануваат парализирани и неспособни за функционирање. Но и покрај се, тие мораат да го прнајдат вистинскиот начин за најдобро да се грижат за своите деца, дури и кога не се сосема сигурни дали можат да се грижат за самите себе. Многу е важно самохраните родители да прифатат дека одреден степен на стрес е дел од родителството, без разлика на тоа дали детето го воспитува сам или со брачниот партнер. Но факт е дека како самохран родител доживува поголем стрес, бидејќи е потешко кога еден родител се грижи за се. Доколку самохраниот родител чувствува дека е под стрес, тоа не значи дека е лош родител или слаба личност. Стресот е дел од животот, дел од карактеристични ситуации и веројтано ќе биде присутен во трите основни периоди низ кои минува секој самохран родител: период на губење, период на прилагодување и период на опоравување и создавање нови односи. Многу е важно самохраните родители да знаат дека првиот период е исполнет со несигурност и страв, бидејќи не знаат што ги чека во иднина, односно не знаат како да се прилагодат на новонастанатата ситуација и на нов начин да го организираат својот живот. Може да научат како да се справат со стресот кој не може да се елиминира. Стресот е дел од животот. Важно е да се најде сила и храброст да се соочат со него.
Многу самохрани родители мислат дека доколку имаат повеќе пари, би имале повеќе време и сила да им посветат на своите деца и нивните чувства. Тоа може, но не мора да биде вистина, сепак факт е дека финансиските проблеми се честа причина за стрес кај самохраните родители. Разделените родители остануваат без приходите на едниот партнер, а тоа е секако застрашувачка ситуација кога со една плата мора се да се покрие, посебно во период на прилагодување. Алиментацијата дури и кога редовно стигнува, ретко да ги покрие реалните трошоци за растење и потребите на детето. Некои мораат да бараат дополнителна работа, при што им онемовозможува повеќе моменти поминати со децата, а дополнително им го зголемува чувството на вина, бидејќи создава тага и лутина кај децата што постојано се сами дома. Во тој период мислат дека никој не ги разбира. Затоа најдобро е да се јавите во центарот за социјални работи или некоја невладина организација за да дознаете дали можеби детето има право на некаква дополнителна помош, бесплатно летување, бесплатни учебници, запишување во градинка и слично, а Вие на бесплатна правна или психолошка помош.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Какви се хороскопските знаци на плажа?
Плажа, песок, море и…12 различни начини на уживање. Хороскопските знац...
Природен рецепт против кандида
Овој напиток има антифунгални, антисептички и алкални својства кои мож...
Што сонуваат бебињата? Тајните на најневините соништа
Во тишината на ноќта, додека светот тоне во длабок сон, малите бебиња ...
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?